Ads
22.11.2018
Во период од 12-16 ноември 2018 година во Сараево, Босна и Херцеговина, се одржa Тренинг работилница за квалитет на воздух и здравје – Зајакнување на националните капацитети за проценка на ризиците на загадувањето на воздухот врз здравјето. Работилницата е организирана од страна на Светската здравствена организација (WHO) и Програмата за животна средина на Обединети нации (UNEP).
Целта на работилницата беше да се зајакнат капацитетите за проценка на ризиците на загадувањето на воздухот врз здравјето со употреба на WHO софтверска алатка AirQ+. За потребите на работилницата сите учесници подготвија сетови на податоци од мониторингот на квалитетот на воздухот и податоци од здравствениот сектор. Како продолжение на оваа работилница, од сите учесници ќе се очекува да се активно вклучени при изработката на проценка „Загадувањето на воздухот и здравјето на луѓето: случајот на Западен Балкан“, иницијатива започната од страна на UNEPво соработка со Европскиот центар за животна средина и здравје на WHO, од Бон.
На оваа работилница присуствуваше Анета Стефановска, раководител на одделението за мониторинг на квалитет на воздух од Македонскиот информативен центар за животна средина.