Регионална работилница на тема „Разните апекти во имплеметацијата на РИПЗ Протоколот на УНЕЦЕ И ЕУ регулативата за РИПЗ

Ads
24.12.2018
rabotilnica_azemine1Во периодот од 17-19.12.2018 во Холидеј Ин, Скопје се одржа регионалната работилница на тема „Разните апекти во имплеметацијата на РИПЗ Протоколот на УНЕЦЕ И ЕУ регулативата за РИПЗ„. Работилницата е организирана во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите за развој на националните регистри за загадувачи и трансфер на загадувачки материи (PRTR) и поддршка на спроведувањето на SAICM во две земји со економии во транзиција, Република Молдавија и Република Македонија”, финансиран од SAICM Секретаријатот. Целта на работилницата е зајакнување на капацитетите, размена на искуства како и давање на насоки и совети во ажурирањето и имплементацијата на принципите и одредбите на Протоколот, со посебен акцент на потребата од обезбедување на пристапот на јавноста до информациите и податоци поврзани со загадувањето на животната, учество на јавноста во одлучувањето во областа на животната средина и обезбедување на пристап до правда во работи поврзани со животната средина.rabotilnica_azemine На работилницата присустуваа претставници од Србија, Албанија, Косово и Молдавија кои го презентираа статусот на спроведување на РИПЗ во матичните земји. На првиот ден претставници од Македонски информативен центар за животна средина го образложија статусот на спроведување на РИПЗ протоколот во Македонија, алатката за прибирање на податоци, РИПЗ порталот и резултатите од реализираните активности во рамките на гореспоментатиот проект. На настанот присустуваше и невладин сектор кој имаше презентација за врската и знавањата на невладиниот сектор за РИПЗ. На третиот ден од работилницата се организраше посета на Цеметара „Усје„ на која беше презентирана лабораторијата, начинот на мониторинг, подготовка и прикажување на извештаи од испуштањата.
Submitted by almin on 24.12.2018 - 14:21