Енергетска заедница, 18-ти редовен состанок на работната група за животна средина

Ads
04.07.2019
Logo_Energy CommunityНа ден 25.04.2019 год. во Виена во просториите на Енергетската заедница се одржа 18-тиот редовен состанок на работната група за животна средина. Во првиот дел од состанокот се зборуваше за начинот на кој Договорните страни на Енергетската заедница, меѓу кои и нашата земја, треба да известуваат за емисиите од големите согорувачки постројки поврзани со Националните планови за намалување на емисиите, при што како пример за успешно известување беше претставен извештајот од Република Северна Македонија, кој беше испратен до Европската Агенција за животна средина на 17 април 2019 год. Истовремено, беше претставен и новиот начин на известување за земјите членки на ЕУ за единственото E-PRTR + LCP известување од наредната година. Во продолжение, беа разгледани некои нови потенцијални прашања поврзани со Директивата за Индустриски Емисии. Потоа, секоја од Договорните страни на Енергетската заедница дискутираше за сопствениот Национален план за намалување на емисиите меѓу кои своја дискусија околу ова прашање имаше и нашата земја преку својот претставник од Министерство за животна средина и просторно планирање - Македонски информативен центар за животна средина Павле Малков како одговорно лице за известување за емисиите од големите согорувачки постројки поврзани со Националниот план за намалување на емисиите до Енергетската заедница.    
Submitted by almin on 04.07.2019 - 09:57