Ads
17.10.2019
Во период од 25-26 септември, 2019 година во Копенхаген, Данска, се одржа работилница на Европската мрежа за набљудување и информирање во животната средина во областа на отпадот во организација на Европската агенција за животна средина.Од Министерството за животна средина и просторно планирање учествуваше м-р Маргарета Цветковска контакт лице за отпад и ефикасно користење на ресурсите на нашата земја со Европската Агенција за животна средина.
На работилницата се разгледуваат новите поставени цели и предизвици во однос на имплементацијата на ревидираната директива за отпад на Европската Унија. Во отворена сесија се даде детален преглед на главните предизвици и можните начини за напредување, гледано од различни перспективи во однос на управување со отпадот. Се презентираа улогата и задачите на Европската агенција за животна средина во однос на новата директива за отпад, со нагласок на превенција на отпадот и раното предупредување. Воедно се идентификуваа и приоритетите во однос на управување со отпадот во наредните години, односно се нагласи значењето на механизамот за рано предупредување од страна на земјите членки. Во втората сесија се разменуваа знаења, искуства и идеи помеѓу земјите членки на Унијата во однос на зголемување на рециклирањето на отпадот особено на фракциите на отпад како што се текстил, пластика и отпад од градење и рушење, како и добивање на секундарни суровини со висок квалитет, добивање на ресурси од отпадот, развој на нови индикатори, управување со био отпадот, градежниот отпад итн. Вториот ден беше посветен на програмите за првенција на создавање на отпадот и процена на истите во различни земји од Европската Унија. Се разгледуваа можностите за ревизија на постоечките програми за превенција на создавање на отпадот на земјите членки и подобрување на специфичните информации за секоја земја во однос на управување со отпадот.