Работилница за мониторинг и репортирање на квалитет на воздухот

Ads
21.10.2020
Во периодот од 6 – 7 јули 2020 година на платформата Microsoft Teams се одржа online работилница за мониторинг и репортирање на квалитет на воздухот организирана од страна на Европската агенција за животна средина. Целта на оваа работилница беше да се обезбедат веродостојни мерења и податоци за квалитетот на воздухот, на податоците да им е позната несигурноста и да се обезбеди правилно репортирање на податоците. Првиот ден се одржа тренинг за управување со податоците за квалитет на воздухот, валидација и линеарна корекција на податоците и нивна контрола за да се обезбедат добри податоци за квалитетот на воздухот. Беше претставена и софтверската алатка RAVEN како алатка за обработка и валидација на податоците и алатка за репортирање на податоците спрема Европската агенција за животна средина. Вториот ден се одржа тренинг за техничката рамка на алатката и нејзино инсталирање на Linux и Windows платформа. Од Македонскиот информативен центар за животна средина присуствуваа: Анета Стефановска – Раководител на одделение, Никола Голубов – Советник, Игор Атанасов – Советник, Љупчо Гроздановски – Советник и Игор Пауновски – Раководител на одделение.
Submitted by almin on 21.10.2020 - 12:04