Учество на првиот регионален вебинар на тема „Политика за информирање за квалитетот на воздухот во врска со здравјето и јавноста“

Ads
18.12.2020
WGEMA_Proekt(16.12.2020) Во рамките на проектот „Подобрено следење и проценка на животната средина за поддршка на Агендата за одржлив развој во Југоисточна Европа, Централна Азија и Кавказ до 2030 година“ на 22-та сесија на Работната група за мониторинг и проценка на животната средина каде беа презентирани следните чекори во спроведувањето на горенаведениот проект, на 16 декември 2020 година се одржа првиот регионален вебинар на тема „Политика за информирање за квалитетот на воздухот во врска со здравјето и јавноста“ во рамките на серијата планирани веб-работилници за СЕИС и еколошката димензија на СДГ во рамките на проектот. Вебинарот беше организиран заеднички од страна на Австриската агенција за животна средина, УНЕП и УНЕЦЕ. На состанокот учествуваа претсавниците од Австриската агенција за животна средина, УНЕП и УНЕЦЕ, како и претставници од Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Ерменија, Грузија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан кои што работат со податоци за квалитет на воздухот (од Министерства или Агенции за животна средина, здравство, хидрометеоролошки работи, национални заводи за статистика како и национални контакт лица за СДГ итн.) Со состанокот од Северна Македонија учествуваа Катерина Николовска, координатор за проектот и Никола Голубов, Советник во Одделение на Квалитет на амбиентен воздух. На состанокот беа презентирани европските перспективи – состојбата со квалитет на воздух во Европа, мониторинг на податоците за квалитет на воздухот, репортирање и оценка како и употреба на податоците за квалитет на воздухот за здравствени проценки. Исто така секоја од земјите учеснички имаше своја презентација за мониторинг и управување со податоците за квалитет на воздухот, национални и интернационални известувања на истите, пристап на јавноста до информациите за квалитет на воздухот и употреба на податоците за креирање на политики за животната средина и здравјето. Никола Голубов имаше презентација за состојбата во Северна Македонија. Потоа следеа и дискусии и погледи за понатамошен развој од перспективи на земјата и меѓународни организации.  
Submitted by almin on 18.12.2020 - 09:15