Учество на виртуелен состанок на националните GLOBE координатори

Ads
09.02.2021
WebinarGLOBEKetiNНа 04.02.2021година, се одржа виртуелен состанок на националните GLOBE координатори од сите земји од Европа, вклучени во програмата GLOBE - Глобално учење и набљудување во полза на животната средина, односно вкупно учествуваа претставници од 27 земји. На состанокот од Македонски Информативен центар за животна средина, учествуваше Катерина Николовска, која ги спроведува активностите на GLOBE Програмата во Северна Македонија, а истовремено е и GLOBE тренер. Главна тема на состанокот беше да се разгледаат годишните програми на сите земји за спроведување на Програмата и истите се достапни на онлајн Платформа. Од страна на кацеларијата во Европа која ги координира активностите за сроведување на GLOBE Програмата, беа презентирани планираните проектни активности за 2021 година во кои можат да се вклучат училиштата. Следниот состанок е закажан за 15 март.
Submitted by almin on 09.02.2021 - 11:26