Состанок во просториите на Европската агенцијата за животна средина

Ads
29.06.2022
Во периодот од 13.06.2022 година до 14.06.2022 година во Копенхаген, Данска, во просториите на Европската агенцијата за животна средина се одржа првиот годишен состанок со физичко присуство, согласно измените воведени поради Ковид пандемијата. NFP_Kopenhagen Овој состанок беше од особена важност за Националниот координатор (NFP) Катерина Николовска, поради одржувањето на координации со претставниците од ЕЕА во однос на националните EIONET мрежи на експерти и процесите за модернизација на мрежите на експерти. На овој состанок се даде и придонес кон драфт-документот за принципите и процесите за ко-креирање и ко-авторство во рамки на EIOENT мрежата, за што и земјите соработнички со ЕЕА имаат свој удел. Се предложи понатамошно дефинирање на овие процеси, за појасен удел и придонес од страна на земјите и учесниците. Од особена важност беше и координацијата со ЕЕА во однос на регионалните IPA активности и најавата за новиот IPA 3 циклус, информирањето од страна на ЕЕА кон земјите од Западен Балкан за прогресот во планирање и старт на новиот програмски циклус, за што имаме позитивни очекувања и најава од страна на Европската Комисија. Работата во групи за време на овој состанок, овозможи на сите учесници да бидат во директна комуникација со претставниците од Европските тематски центри – кои ги планираат и реализираат работните програми – и овозможи директна консултација за деталите кои не засегаат како земји соработнички со ЕЕА, посебно во оние делови поврзани со известувањата со податоци и информации кон ЕЕА преку таканаречениот Core Data Flow, како и очекувањата за идни регионални активности за јакнење на капацитетите на земјите од Западен Балкан.
Submitted by almin on 29.06.2022 - 08:09