МК НИ 094 Интензитет на туризмот

104
МК НИ 094
Интензитет на туризмот
Дефиниција

Индикаторот го следи интензитетот на туризмот по години на ниво на држава и според статистичките региони, што дава проценка на притисокот на туризмот врз локалното население, туристичката дестинација и инфраструктурниот систем (водоснабдување, комунални услуги и сл.). Потенцијалниот притисок на туризмот се изразува како однос меѓу бројот на ноќевања и бројот на жители, и бројот на туристи и бројот на жители.

Единици

Број по глава на жител

Клучно прашање за политиката

Каков тренд бележи интензитетот на туризмот на ниво на држава и според статистичките региони?

Специфично прашање за политиката

Бројот на ноќевања/туристи по глава на жител дава проценка на притисокот на туризмот врз локалното население, туристичката дестинација и инфраструктурниот систем (водоснабдување, комунални услуги и сл.).

Од податоците се гледа дека и бројот на ноќевања и туристи постојано се зголемува по глава нажител, на ниво на држава.Исклучок е 2020 година каде има значителен пад на туризмот поради пандемијата предизвикана од Ковид-19. Ако се спореди периодот од 2002, па се до 2021 може да се увиди раст на бројот на ноќевања по глава на жител за 38%. Сепак, нивоата пред пандемијата сеуште не се достигнати и имаме негативен биланс од 19,8%.

Разгледувано според регионалната дистрибуција во 2021 година бројот на ноќевања/туристи по глава на жител е најголем во Југозападниот регион, што ни укажува дека регионите со езерско крајбрежје имаат најголем интензитет на туризмот, додека Североисточниот регион и Вардарскиот имаат најмал интензитет на туризмот.

Интензитетот на туризмот се одвива со нееднаква постојаност во текот на целата година, односно има сезонска карактеристика. Имено, се забележуваат пикови најчесто во месеците јули и август, каде бројот на туристи и ноќевања е поголем во однос на останатиот период од годината и за 4-5 пати. Ова е особено изразено во регионите каде што се наоѓаат трите езера.

График 1. Интензитет на туризмот во Република Северна МакедонијаCSI 094 IntenzitetNaTurizamot_2022_MK_g1

 

Слика 1. Интензитет на туризмот по региони – број на ноќевања по глава на жител, 2021CSI 094 IntenzitetNaTurizamot_2022_MK_g2

 

 

Слика 2. Интензитет на туризмот по региони – број на туристи по глава на жител, 2021CSI 094 IntenzitetNaTurizamot_2022_MK_g3

 

График 2. Сезонски карактер на туризмот на ниво на држава и по статистички региони – број на ноќевања по глава на жител, по месеци од 2010 до 2021 годинаCSI 094 IntenzitetNaTurizamot_2022_MK_g4CSI 094 _2022_MK_g5

 

 

 

Опфат на податоциexcel

Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk

Оценка

Бројот на ноќевања/туристи по глава на жител дава проценка на притисокот на туризмот врз локалното население, туристичката дестинација и инфраструктурниот систем (водоснабдување, комунални услуги и сл.).

Од податоците во периодот од 2002 до 2021 година, се гледа дека бројот на ноќевања се зголемува по глава на жител и на ниво на држава се има зголемено за 38%. Процнетот за толку голем временски период не изгледа како значително зголемување бидејќи во 2020 тој тренд е прекинат поради пандемијата со Ковид-19 и тогаш бројот на ноќевања е сведен скоро на нивоата од 2002. Во 2021 има закрепнување, но нивоата не се сеуште како пред пандемијата. Тие се со негативен биланс од 19,8% во поглед на бројот на ноќевања по глава на жител во однос на пред пандемиската 2019 година.

Во периодот од 2002 до 2021 година, се гледа дека бројот на туристи се зголемува по глава на жител и на ниво на држава се има зголемено за 75%. Бројот на туристи по глава на жител во 2021 гледа повторен раст од 69% во однос на претходната 2020 година, но во однос на пред пандемиската 2019 година имаме негативен биланс од 33%.

Разгледувано според регионалната дистрибуција во 2021 година бројот на ноќевања по глава на жител е најголем во Југозападниот регион, 6,9 ноќевања по глава на жител, по што следува Југоисточниот регион, 3,1 ноќевања по глава на жител, што ни укажува дека регионите со езерско крајбрежје имаат најголем интензитет на туризмот. Во истата година, Вардарскиот и Североисточниот регион имаат најмал интензитет на туризмот и тој изнесува 0,2 и 0,1 ноќевање по глава на жител соодветно.

И во однос на другиот показател, број на туристи по глава на жител, во 2021 година бројот на туристи по глава на жител е најголем во Југозападниот регион, 1,59 турист по глава на жител, по што следува Југоисточниот регион, 0,82 туристи по глава на жител, што ни укажува дека регионите со езерско крајбрежје имаат најголем интензитет на туризмот. Во истата година, Вардарскиот и Североисточниот регион имаат најмал интензитет на туризмот и изнесува соодветно 0,1 и 0,03 туристи по глава на жител.

Интензитетот на туризмот се одвива со нееднаква постојаност во текот на целата година, односно има сезонска карактеристика. Поголемиот број од туристите патуваат во одредена сезона лето или зима во зависност од дестинацијата.

Може да се забележи дека вкупниот интензитет на туризмот во земјата, а и по статистички региони, разгледуван по месеци има сезонски влијанија. Имено, се забележуваат пикови најчесто во месеците јули и август, каде бројот на туристи и ноќевања е поголем во однос на останатиот период од годината и за 4-5 пати. Ова е особено изразено во Југозападниот, Југоисточниот и Пелагонискиот регион, каде што се наоѓаат трите езера, додека спротивно на овие региони, во Полошкиот регион пиковите се забележуваат во јануари и февруари заради зимските скијачки центри. Скопскиот регион е карактеристичен по тоа што нема големи пикови, но податоците покажуваат зголемување на бројот на туристи најчесто во јуни и септември.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Податоците за туристите се добиени врз основа на редовните месечни извештаи на угостителските и другите деловни субјекти кои на туристите им даваат услуги за сместување, односно посредуваат во обезбедувањето на тие услуги. Извор на податоците се книгите за гости кои, според законските прописи, овие деловни субјекти задолжително треба да ги водат.

Податоците за вкупното население се однесуваат на проценет број на жители на 31.12 во годината.

Индикаторот се пресметува како:

  • однос на вкупниот број на ноќевања во Република Северна Македонија/статистички регион и вкупниот број на жители во Република Северна Македонија/статистички регион
  • однос на вкупниот број на туристи во Република Северна Македонија/статистички регион и вкупниот број на жители во Република Северна Македонија/статистички регион
Цели
  • Зголемување на бројот на туристи и ноќевања со интеграција на принципите на одржливиот развој и аспектите на животната средина во секторот туризам.-   Реалистично сценарио-   Вкупен број на ноќевања во 2021 – 3.100.000-   Вкупен број на ноќевања во 2030 – 5.200.000-   Севкупна годишна стапка на раст (СГСР) – 5,3%-   Оптимистично сценарио-   Вкупен број на ноќевања во 2021 – 3.400.000-   Вкупен број на ноќевања во 2030 – 6.100.000-   Севкупна годишна стапка на раст (СГСР) – 6,4%
    • Определување на подрачја од приоритетно значење за развој на туризмот.
    • Заштита на природното богатство и биодиверзитетот во туристичките дестинации.
    • Промовирање на органско фармерство, производство на здрава храна и особено, традиционално производство нанекои производи (на пример, сирење, вино), производство на мед, одгледување на билки итн.
    • Промовирање на одредени типови на туризам како што се вински туризам, ловечки туризам, следење на птици итн.
Обврска за известување
  • Годишно до EUROSTAT
  • Светска туристичка организација WTO
  • Годишен статистички преглед за туризам и други услуги
  • Петтогодишна анкета за странски туристи во сместувачките објекти
Општи мета-податоци
Тема Туризам Поврзаност со други теми/сектори Воздух, Климатски промени, Вода, Природа, Отпад, Енергија, Транспорт, Бучава, Економија на животната средина и управување со ресурси
Код на индикаторот MK НИ094 Временска покриеност 2002-2021
Име на индикаторот Интензитет на туризмот Извор на податоци При пресметка на индикаторот користени се официјални податоци од Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР Д Датум на последна верзија 27.09.2022
Тип А Подготвено/ажурирано од: Катерина Николовска
Ана Димишкова
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: K.Nikolovska@moepp.gov.mk
a.dimishkova@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 09Интензитет на туризмот EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 6, Clean water and sanitation
11, Sustainable cities and communities
12, Responsible consumption and production
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не
01.12.2022