МК НИ 046 Морталитет од сообраќајни несреќи

93
МК НИ 046
Морталитет од сообраќајни несреќи
Дефиниција

Индикаторот ја прикажува стапката на морталитет предизвикан со сообраќајни несреќикај вкупното население и според старосни групи, за деца на возраст од 0 до 14 години, младинци на возраст од 15 до 24 години и население над 25 години, трендот за одреден временски период.

Единици
  • Број на смртни случаи и стапка на 100 000 лица.
Клучно прашање за политиката

Каков е трендот на стапката на морталитет од сообраќајни несреќи и какви чекори се преземени за намалување или спречување на порастот на стапката на морталитетот од сообраќајни незгоди кај населението, особено кај вулнерабилните групи како што се децата и млaдите луѓе?

Клучна порака

Врз основа на податоците во разгледуваниот период се забележува дека, стапката на морталитет предизвикан од сообраќајни несреќи кај вкупното население и според разгледуваните старосни групи, бележи променлив тренд и во 2021 година не е постигната целта, т.е. да се постигне стапка на морталитет под 3,9 на 100.000 жители. Од 2016 година наваму, постои тренд на намалување на стапката на морталитет, која за 2021 година изнесува 6,32.

За да се намали бројот на сообраќајни несреќи особено е важно да се обезбеди пристап до безбеден, финансиски достапен, пристапен и одржлив транспортен систем за сите, унапредувајќи ја безбедноста на патиштата, најмногу преку проширување на јавниот превоз и со особено внимание на потребите на лицата кои се наоѓаат во ранливи групи, жени, деца, лица со попречености и постари лица.

 

График 1. Загинати во сообраќајни несреќи, стапка на 100 000, вкупен број на жители

CSI 046 2022 MK-g1

 

График 2. Загинати во сообраќајни несреќи, стапка на 100 000, според старосни групи на жители

CSI 046 2022 MK-g2

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk,

Оценка

Индикаторот го следи напредокот кон SDG 11 – Градовите и човечките населби да бидат инклузивни, безбедни, отпорни и одржливи и SDG 3 – Да се осигурат здрави животи и да се промовира добросостојба за сите, на сите возрасти.

Врз основа на податоците во разгледуваниот период се забележува дека, стапката на морталитет предизвикан со сообраќајни несреќи кај вкупното население и според разгледуваните старосни групи, бележи променлив тренд.

Стапката на морталитет на 100.000 лица, кај вкупното население во 2021 година изнесува 6,32, штово однос на 2010 година бележи пад од 20%, но сеуште е многу далеку од целта, пад од 50%, која треба да се постигне во 2030 година.

Разгледуваната стапка на морталитет кај ранливите групи на население, во 2021 година во однос на 2010 година, бележи пораст од 15% кај деца на возраст од 0 до 14 години што веројатно се должи на бројот на население кој за разлика од проценетите вредности во претходниот период сега е земен од пописот од 2021 година, додека кај младинци на возраст од 15 до 24 години, стапката на смртност се намалила за 29%.

Овие податоци укажуваат на потреба од подобрување на политиките и превземање конкретни мерки за подобро планирање на урбаните населби и патната инфраструктира, со што ќе се зголеми и безбедноста на населението. За да се намали бројот на сообраќајните несреќи особено е важно да се обезбеди пристап до безбеден, финансиски достапен, пристапен и одржлив транспортен систем за сите, унапредувајќи ја безбедноста на патиштата, најповеќе преку проширување на јавниот превоз и со особено внимание на потребите на лицата кои се наоѓаат во ранливи групи, жени, деца, лица со попречености и постари лица.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Индикаторот морталитет од сообраќајни несреќи (800 и 848) се пресметува како стапка на умрени лица од сообраќајни несреќи на возраст од 0 до 14 години, од 15 до 24 години и население над 25 години на 100 000 жители од наведените возрасни групи. Бројот на население е според проценетиот број на население на 31.12 во тековната година.

Цели

Според општата цел 4 од Националната транспортна стратегија да се намали бројот на жртви на патиштата за 50% до 2030 година, во однос на 2018 година.

Според SDG 3.6 треба до 2020, да се преполови бројот на глобални смртни случаи и повреди кои се резултат на сообраќајни несреќи, во однос на 2010 година.

Обврска за известување
  • Секој доктор кој ќе констатира смрт има обврска да пополни пријавен лист за настаната смрт во кој ги наведува причините за настанување на смрт, потоа тие податоци се собираат во националната база во Државниот завод за статистика
Општи мета-податоци
Тема Транспорт Поврзаност со други теми/сектори Почва и користење на земјиште, Здравство, Урбанизација
Код на индикаторот MK НИ 046 Временска покриеност 2001-2021
Име на индикаторот Морталитет од сообраќајни несреќи Извор на податоци Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР С Датум на последна верзија 10.10.2022
Тип А Подготвено/ажурирано од: Мартина Спасовска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: m.toceva@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 046 Морталитет од сообраќајни несреќи EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 3, Indicator 3.6.1: Death rate due to road traffic injuries,
11, Target 11.2, Eurostat sdg_11_40
People killed in road accidents
GGI – Индикатори за зелен раст не
Кружна економија не
03.08.2024