Индикаторот ја прикажува количина на согоренмедицински отпад. Со овој индикатор се следи остварувањето на стратешките целите и тоа избегнување и во најголема можна мера, намалување на количеството на создаден опасен отпад, спречување на негативните влијанија на отпадот врз животната средина, животот и здравјето на луѓето, како и висок степен на заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето.
- kg (килограми на година)
Каква е состојбата со согорениот медицински отпад ?
Во периодот од 2000 година до 2022 година покажува тренд на постепено зголемување за 9 пати на количината на согорен медицински отпад, која количина во 2022 година изнесува 1.054.508 kg, споредбено со 2000 година, каде количината на согорениот медицински отпад изнесувала 114.900 kg. Во 2023 година имаме намалување на согорен медицински отпад за 94,73% во однос на 2022 година, намалувањето на количината на согорениот медицински отпад е резултат на тоа што голем дел од медицинскиот отпад се автоклавира наместо да се согорува како претходно.
Графикон 1. Вкупна количина на согорен медицински отпад
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: *Податоците од 2011 до 2018 година се корегирани и рекалкулирани од страна на депонијата Дрисла,
Дрисла-Скопје Доо, https://drisla.mk/
Согласно податоците количината на согорен медицински отпад за 2022 година изнесува 1.054.508 kg, споредбено со 2000 година, каде количината на согорен медицински отпад изнесувала 114.900 kg, покажува тренд на зголемување за 9 пати. Во 2023 година имаме намалување на согорен медицински отпад за 94,73% во однос на 2022 година, намалувањето на количината на согорениот медицински отпад е резултат на тоа што голем дел од медицинскиот отпад се автоклавира.
Намаленото количество на согорен медицински отпад е како резултат на употреба на автоклавот, односно автоклавирање на медицинскиот отпад, при што не е потребно согорување на истиот.
Напомена: Податоците од 2011 до 2018 година се корегирани и рекалкулирани од страна на депонијата Дрисла
- Методологија за пресметка на индикаторот
Индикаторот се изработува врз база на информациите и податоците кои се добиваат од Дрисла-Доо Скопје.
Отстранување на отпадот, на начин што е прифатлив за животната средина и висок степен на заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето.
- Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
МК НИ 101 Согорен медицински отпад | EEA – Европска агенција за животна средина | нема еквивалент |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | нема еквивалент | |
Каталог на индикатори за животна средина | нема еквивалент | |
SDG – Цели за одржлив развој | 12, Sustainable consumtion and production | |
GGI – Индикатори за зелен раст | не | |
Кружна економија | не |