МК НИ 057 Конечно управување со комунален отпад

67
МК НИ 057
Конечно управување со комунален отпад
Дефиниција

Овој показател ги покажува конечниот начин на управување со вкупната количина на комунален отпад, и тоа со процесите на:

  • Согорување (со и без искористување на енергијата)
  • Отстранување (контролирани или неконтролирани депонии)
  • Компостирање
  • Реупотреба или рециклирање
  • Друг начин на управување.
Единици
  • Тони/година (t)/год., процент (%)
Клучно прашање за политиката

На кој начин, односно преку кои процеси се одвива конечното управување со комуналниот отпад?

Клучна порака

Доминантен процес при конечно управување со комуналниот отпад во нашата земја е отстранување на отпадот во контролирани депонии кој се движи од 69,01% во 2020 год. до 80,80% во 2017 год., по кој следува отстранувањето на отпадот во неконтролираните депонии со 19,20% во 2017 до 30,99% во 2020 год. Може да се забележи дека од 2013 па до скоро 2017 година има пад на отстранување на комуналниот отпад на неконтролираните депонии од 10,8%, додека последните две години има пораст на отстранување на истиот на неконтролираните депонии од 11,8%. Во 2021 год. има благ пад на отстранување на отпадот на неконтролираните депонии. Од 2021-2023 година количините на отстранување на отпад изразен во проценти во контролираните депонии е непроменет. Процесите на компостирање, реупотреба, рециклирање на комуналниот отпад, како и согорување на отпадот со искористување на енергијата скоро и да не се застапени во земјава.

График 1. Приказ на % на отстранување на комуналниот отпад на контролирани и не-контролирани депонии

Приказ на % на отстранување на комуналниот отпад на контролирани и не-контролирани депонии

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Државен завод за статистика

Оценка

Начинот на кој се управува со отпадот во земјава има големо влијание на животната средина, економијата, здравјето и благосостојбата на луѓето. Адекватно управување со отпадот значи дека владата е свесна за ризиците од отпадот по здравјето на луѓето и животната средина и дека подржува и промовира соодветни мерки за да го превенира создавањето на отпадот или да го редуцира, како и соодветно да постапува со истиот. Редукција на количината на создаден отпад, како и реупотреба и рециклирање на создадениот отпад се најповолни процеси од еколошка гледна страна на управување со отпадот, поради тоа што се врши и намалување на екстракција на суровините и ресурсите. За отпадот кој не може да се реупотребува и рециклира друга поволна опција за управување е инценерацијата со искористување на енергијата.

Последна опција при управувањето со отпадот е отстранување на отпадот во депонии, при што се препорачуваат соодветно технички управувани и контролирани депонии. 

Најзастапените два процеси на управување со отпадот кај нас, отстранување на отпадот на контролирани депонии и отстранување на отпадот на неконтролирани депонии, се мошне неповолни во однос на животната средина, здравјето на луѓето и животните, како и економијата.

Отстранувањето на отпадот на контролирани депонии во периодот од 2009 до 2020 се движи во опсег од 69,01% во 2020 год. до 80,8% во 2017 год., додека отстранување на отпадот на не-контролирани депонии се движи во опсег од 19,2% во 2017 год. до 30,99% во 2020 год. Може да се забележи дека од 2013 па до скоро 2017 година има пад на отстранување на комуналниот отпад на неконтролираните депонии од 10,8%, додека последните две години има пораст на отстранување на истиот на неконтролираните депонии од 11,8%. Од 2021-2023 година количините на отстранување на отпад изразен во проценти во контролираните депонии е непроменет.

Ова има неповолно влијание врз животната средина и здравјето на луѓето поради исцедокот од отпадот кој се ослободува и оди во подземните води или во зависност од локацијата на неконтролираната депонија во површинските водни тела, понатаму поради неконтролираното испуштање на гасовите од разградување на отпадот и секако од појавата на патогени микроорганизми кои нанесуваат штети и болести врз животните кои се хранат во непосредната близина на депонијата.

Незастапеноста на процесите на реупотреба, рециклирање, компостирање и согорување на отпадот со искористување на енергија  укажува на непрепознавање на отпадот како ресурс и неискористување на енергијата и материјата кои ги носи во себе отпадот.
 

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Видовите на отпад се одредуваат според Листата на видови на отпад. Соодветниот третман, како и отстранување на отпадот се во согласност со дефинициите и условите од Законот за управување со отпад. Собирањето на податоци главно се врши преку истражување, проценки и административни податоци. Извештаите се во форма на соопштенија на Државниот завод за статистика. Податоците за конечно управуван комунален отпад ги користиме од Државниот завод за статистика бидејќи работат со репрезентативни примероци и пресметковни методи кои произлегуваат од тие репрезентативни примероци и репрезентативните примероци сметаме дека се соодветно избрани за комунален отпад поради сличната количина и подвидовите на комунален отпад од различните општини каде се создава комуналниот отпад.

Цели

Општа цел е избегнување и во најголема можна мера, намалување на количеството на создавање на комунален отпад. Управување со отпадот на начин што е прифатлив за животната средина со висок степен на заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето. Редукција на количината на создаден отпад, како и реупотреба и рециклирање на создадениот отпад се најповолни од еколошка гледна страна процеси на управување со отпадот, зашто се врши и редукција и на екстракција на суровините и ресурсите. За отпадот кој не може да се реупотребува и рециклира друга поволна опција за управување е инценерацијата со искористување на енергијата. Последна опција при управувањето со отпадот е отстранување на отпадот во депонии, при што се препорачуваат соодветно технички управувани и контролирани депонии.

Воспоставување на интегрирано управување со отпад и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад.
 

Обврска за известување
  • EUROSTAT
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Отпад Поврзаност со други теми/сектори

Климатски промениКружна економија

Код на индикаторот MK НИ 057 Временска покриеност 2009-2023
Име на индикаторот Конечно управување со комунален отпад Извор на податоци

Државен завод за статистика

Класификација по ДПСИР И Датум на последна верзија 30.08.2024
Тип А Подготвено/ажурирано од: Маргарета Цветковска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: m.cvetkovska@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 057 Конечно управување со комунален отпад EEA – Европска агенција за животна средина IND 488, WST 006, Diversion of waste from landfill
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа I4/118 Final waste disposal
Каталог на индикатори за животна средина 180 Management of waste excluding major mineral waste, by waste operations
SDG – Цели за одржлив развој 11Sustainablie cyties and communities,
12-Responsivle construction and production
13-Climate action
17 -Partnership for the goals
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија да
21.11.2022