Индикаторот прикажува промени во површините на поедини категории на земјина покривка во друга. Посебно внимание се обрнува на површините кои се менуваат како резултат на проширувањето на урбаните системи, што има негативно влијание на состојбата на животната средина. Овде се вклучени површини покриени со градби и комунална инфраструктура, како и градски зелени површини и објекти за спорт и рекреација. Главните движечки фактори на зафаќањето на земјиштето се групирани во процеси што резултираат во ширење на:
- домување, услуги и рекреација,
- индустриски и комерцијални зони,
- транспортни мрежи и инфраструктури,
- рудници, површински копови и депонии за отпад.
Единици мерки за евиденција и нанесување на тековната состојба се хектари.
Резултатите се презентираат како:
- Промени на земјината покривка, во шестогодишни временски интервали, изразени во хектари, % од вкупната површина на земјата и % од различните видови на земјина покривка.
- Тековна состојба на земјината покривка во согласност со номенклатурата усвоена на европско ниво, на петгодишни интервали.
Колку и со какви пропорции се зема и пренаменува земјоделско, шумско и друг вид природно земјиште поради урбан развој и друг вид на неприроден развој?
На основа на следење на промените на земјината покривка согласно методологијата на CORINE Land COVER (CORINE земјина покривка) евидентно е дека во целиот период (референтни години 2000, 2006 и 2018) постои константно намалување на природните површини, главно земјоделско 64% од вкупните промени и шумско земјиште 33% од вкупните промени, додека во исто време постои константно зголемување на вештачките површини.
И покрај бројните причини за евидентираните проблеми, основниот фокус треба да се стави на два сегменти:
- Делот на просторно и урбанистичко планирање, каде развојот и ширењето треба стратешки да се насочи надвор од битни природни ресурси, но и во насока на интеграција на зелени површино во урбаните обасти;
- Изградбата на инфраструктурни објекти на државно ниво, каде што посебен акцент треба да се стави на проценка на стратешкото влијание на животната средина и преземање соодветни мерки за заштита.
График 1. Процентуална застапеност на категориите од ниво 1 трансформирани во урбанистичка и друга вештачка изградба на земјиштето (2012-2018)
График 2. CORINE ниво 1 вкупни промени
Слика 3. Удел на поедини категории на земјишна покривка во зафатеноста со урбани и други вештачки структури на земјиштето (2012-2018)
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: CORINE Land Cover, Министерство за животна средина и просторно планирање
Поради карактеристиките на земјината покривка на територијата на Република Македонија, од 44 можни класификации според Номенклатурата CORINE LandCover, идентификувани се 33 класификација до трето ниво на Номенклатурата. Како резултат од активностите на CORINE LandCoverпроектот, за периодот 2012-2018, од слика 1 може да се забележат најголеми вкупни промени на пораст кај вештачките површини, а намалување на земјоделските површини и површините со шуми и полуприродни области. Од слика 2 може да се утврди дека овој тренд на промени е прилично сличен помеѓу различните рефрентни години.
CORINE LandCover промените помеѓу 2012 и 2018 покриваат територија од околу 28.985 ha, што претставува околу 1.13% од целата територија на земјата.
Табела 1 ги покажува апсолутните вредности на промените. Евидентно е дека најголем дел од промените се случиле во Вештачките површини, каде што се создадени нови 2.302 ha. Друг негативен тренд е намалувањето на површината на Земјоделското земјиште за 1.996 ha. Другите промени се минимални, од намалување на Водните тела за 24 hа, зголемување на Мочуриштата за 32 hа, до намалување на вкупната површина на шуми и полуприродни области за 288 ha.
И покрај тоа што апсолутните вредности на промените даваат прецизна слика за состојбата и трендовите на промени, анализата мора да оди и подлабоко заради фактот дека одредени природни површини преминуваат од едни во други, па и промена на вештачки површини во природни (Слика 3). Тука постојат повеќе фактори кои мора да се земат предвид:
- Земјоделските површини се воглавно во близина на урбани подрачја и од тие причини и најранливи при ширење на истите.
- Поради трансформација на земјоделските површини од големи комбинати во помали приватни поседи, дел од површините, пред се заради необработливост, преминуваат во шумски подрачја и/или нивни преодни фази.
- Намалувањето на шумските области во добар дел е заради стратешки инфраструктурни објекти, пред се државни патишта, па за таквите ситуации и се преземаат мерки за намалување на влијанието врз животната средина.
Табела 1: Апсолутни вредности за промени (2012-2018)
Вештачки површини | Земјоделско земјиште | Шуми и полуприродни области | Мочуришта | Водни тела | |
Од | 2.666 | 1.971 | 24.207 | 32 | 110 |
Во | 364 | 3.967 | 24.494 | 0 | 134 |
Апсолутна вредност | 2.302 | -1.996 | -288 | 32 | -24 |
- Методологија за пресметка на индикаторот
Методологија за пресметка на индикаторот е дефинирана и усогласена на европско ниво и е непроменета во целиот период на имплементација на проектот, почнувајки од референтна година 1990. Техничкото упатство за изработка на CORINE Land Cover е изработено од страна на Европската агенција за животна средина.
Основа за идентификација на земјината покривка се сателитски снимки. Во зависност од условите, за секоја референтна година се обезбедуваат снимки за два вегетативни периоди во истата година. Дополнително, заради усогласување на ниво на Европа, сите сателитски снимки се обезбедуваат во ист период за сите држави за кои се изработува CORINE Land Cover.
Минималната површина која се евидентира е 25 ha, односно 100 м ширина на полигон. За презентација на податоците честопати се користат и km2.
Освен за иницијалната инвентаризација на земјината покривка, референтна година 1990, во сите други фази процедурата се состои од:
- Идентификација на промените на земјината покривка во период тековна година – претходна инвентаризација. Минимална површина за евиденција на промени е 5 ha.
- По идентификација на промените се врши нивна интеграција во финалната база за земјината покривка.
Самиот процес на фотоинтерпретација на сателитски снимки се состои од:
- Обележување на границите на површини што претставуваат единствени единици на земјината површина на снимка со „лажни“ бои;
- Користење на клучеви за интерпретација, помошна документација и сателитски/авионски снимки за означување на идентификациски број – класа од номенклатурата;
- Екстраполација на ова вцртување и идентификација на сите делови на снимката кои изразуваат слични карактеристики: боја, структура и состав.
Следење на промените на земјината покривка и мапирање на тековната состојба, со тенденција на намалување на промените од останатите класи (природни површини) во класа 1 (вештачки површини). Промените се следат во шестогодишни временски интервали. Дополнително, методологијата и номенклатурата за овој индикатор е унифицирана на ниво на Европа, што овозможува интегрирано следење на промените на регионално и европско ниво.
- EEA
- Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
МК НИ 014 Зафаќање на земјиште | EEA – Европска агенција за животна средина | IND-19/CSI 014 , LSI 001 Land take in Europe |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | E1/70 – Total land uptake | |
Каталог на индикатори за животна средина | 119 – Land take | |
SDG – Цели за одржлив развој | 11. Eurostat 11.31 Settlement area per capita |
|
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | да |