Индикаторот го илустрира процентот на третаман на урбаните отпадни води во Република Северна Македонија и процент на население поврзан со јавна канализација и процент на население без јавна канализација.
- Проценти на население поврзано на примарно, секундарно и терциерно пречистување на отпадни води.
Колку воспсотавувањето на системот на собирање, одведување и третман на урбаните отпадни води ќе го подобри статусот на водите во Република Северна Македонија?
Во актуелниот Закон за води се транспонирани барањата на Директивата за третман на урбани отпадни води во однос на пречистувањето на комуналните води.
Во согласност со добиените резултати за дистрибуција на населението во Република Северна Македонија во однос на третираните комунални води само со механичка обработка, биолошки третман и најнова технологија на третман, се утврди дека постои сообразност со Директивата за третман на урбани отпадни води на ЕУ. Кај нас процентот на население каде се третираат комуналните води со биолошки третман во последниот период бележи подобрување со зголемување на бројот на изградени прeчистителни станици во државата. Што покажува дека воведувањето на редовно пречистување на отпадните води во земјата е највисок политички приоритет на локално и на национално ниво.
Во Република Северна Македонија во изминатиот период се бележи намалување на БПК5 и на концентрациите на амонијак во реките (МК НИ 019). На одредени мониторинг-станици лоцирани на реките Црна Река и Вардар евидентиран подобрување статус на водите во однос на БПК5. Овие резултати може да ја одразуваат состојбата на подобрување на ефикасното пречистување на урбаните и индустриските отпадни води во земјата, како и преземините мерки за соодветната заштита на речните басени.
График 1. Третман на отпадна вода од јавната комунална мрежа
График 2. Процент на население со и без јавна комунална мрежа
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Државен завод за статистика
Во согласност со добиените резултати за дистрибуција на процентот на население во однос на третираните комунални води само со механичка обработка, биолошки третман и најнова технологија на третман и во однос на јавната канализација се утврди дека процентот на ваквото население е многу мал. Иако постои растечки тренд, ваквата состојба во однос на ЕУ барањата е незадоволителна.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Во согласност со барањата на EUROSTAT
Во Законот за води, се транспонирани барањата на директивите на ЕУ (РДВ, третман на урбани отпадни води, нитрати, Директивата за опасни супстанции, како и Директивата за вода за капење и Директивата за вода за пиење), со што ќе се обезбеди намалување и спречување на загадувањето на водите, а со тоа и постигнување на добар еколошки статус или потенцијал на водите.
Директивата за третман на урбани и отпади води, чија цел е заштита на животната средина од влијанието предизвикано од испустот на урбаните отпадни води. Исто така, постигнувањата со барањата на Директивата за третман на урбани отпадни води и Директивата за спречување и контрола на загадувањето претставуваат интегриран дел од целите на Рамковната директива за води, чија, пак, главна цел е постигнување на добар хемиски и биолошки статус на сите води.
- EUROSTAT
МК НИ 024 Пречистување на урбани отпадни води | EEA – Европска агенција за животна средина | IND-15/WAT 005 – Urban waste water treatment in Europe |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | нема еквивалент | |
Каталог на индикатори за животна средина | нема еквивалент | |
SDG – Цели за одржлив развој | 6. Ensure availability and sustainable management of water and sanitation for all | |
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | да |