МК НИ 063-4 Емисија на тешки метали – As арсен

25
МК НИ 063-4
Емисија на тешки метали – As арсен
Дефиниција

Овој индикатор ги следи трендовите на арсен (As).

Единици
  • t/година (тони на година)
Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на арсен во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Во 1990 година вкупните национални емисии на арсенизнесуваа 2.38t. Во 2020година емисиите изнесуваат 0.45 t и се намалени за 81% споредено со 1990 година што претставува значително големнапредок во намалувањето на вкупните емисии на арсен.

Ова намалување произлегува од намаленото производство во секторот индустрија но и намалената потрошувачка на фосилни горива во производството на електрична енергија и во домаќинствата.

Специфично прашање за политиката

Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на As?

Извор со убедливо најголемо учество во емисиите на As во 2022 година е NFRкатегоријата 1.А.1 – Производство на енергија со удел од 92.6%. Притоа, NFRкатегоријата 1.А.2 – Согорување во производни индустрии и градежништво учествува со 3.6%, додека останатите категории се помали или незначителни емисиони извори на арсен.

Оценка

Вкупните национални емисии на As во 1990 година изнесуваа 2.38 t. Во 2020година вкупните емисии изнесуваат 0.45 t, што претставува историски минимум за периодот 1990-2020 година, и во однос на 1990 година се намалени за 81%, додека во однос на 2019 година се намалениза 23%.

Трендот на вкупните годишни емисии на As во периодот 1990-2020 година може, со исклучок на периодот 1994-1998 година кога трендот е изразено растечки, генерално да се опише како опаѓачки со одредени помали флуктуации (зголемувања во одредени години), со забелешка дека во 2019 година се забележува зголемување на емисиите во однос на периодот 2017-2020 година (во 2017 и 2020 година, кога емисиите на арсен незначително се разликуваат, е и историскиот минимум на вкупното годишно количество на емисии на арсен во воздух), при што во најголемиот дел од овој период тој зависи од емисиите на арсен од две NFR категории и тоа: 2 – Индустриски процеси и 1.А.1 -Производство на енергија. Во периодот 1990-2002 најголем удел во вкупните годишни емисии на As има NFR категоријата 2 – Индустриски процеси пред се преку подкатегоријата Производство на олово и во помала мерка Производство на железо и челик, а помал удел има NFR категоријата 1.А.1 – Производство на енергија и општиот тренд во овој период генерално е последица на трендот од NFR категоријата 2 – Индустриски процеси. Големиот пад на вредноста на вкупните емисии во периодот 2002-2005 година е резултат на пад на производството на олово во топилницата во Велес. По престанокот на работењето на Топилницата за олово и цинк во 2004 година во периодот 2005-2020 година, гореспоменатите NFR категории се менуваат по важност па, најголемо учеството во вкупните емисии на арсен има NFR категоријата 1.А.1 – Производство на енергија, како резултат на согорувањето на јаглен во термоелектраните РЕК Битола и РЕК Осломеј, а помало од NFR категоријата 2 Индустриски процеси (преку подкатегоријата Производство на железо и челик) и во овој период вкупните годишни емисии на арсен општо гледано се два-три пати помали од оние во претходниот период (1990-2004 година). Во периодот 2005-2020 година општиот тренд генерално е последица на трендот од NFR категоријата 1.А.1 – Производство на енергија и генерално зависи од количеството на согорен јаглен во термоелектраните РЕК Битола и РЕК Осломеј. Целокупниот тренд може да се види на следниот графикон.

 

Графикон 1. Тренд на вкупни емисии наAs во периодот 1990-2020 годинаCSI 063 As 2022_MK_g1

 

Уделот на одделните NFRкатегорииво вкупните емисии на As за 2020 година е прикажан на Графикон 2.

 

Графикон 2: Удел во вкупните национални емисии на As по  NFRкатегории во 2020 годинаCSI 063 As 2022_MK_g2.jpg

 

Moже да се забележи дека клучна NFRкатегорија на емисија на арсен во 2020 година е 1.A.1 -Производство на енергија со 92.6%.

Дистрибуцијата на изворите на емисија во 2020 година е поинаква со онаа во периодот 1990-2004 година. За да се направи преглед на уделите по NFRкатегории во целокупниот период од каде може да се забележи и промената на доминатните извори во вкупните национални емисии на оваа загадувачка супстанца, даден е следниот графички приказ.

 

Графикон 3. Eмисии на Asпо NFR категории на годишно ниво во периодот 1990-2020 годинаCSI 063 As 2022_MK_g3

 

NFR категоријата 2 – Индустриски процеси во вкупните емисии на As во 1990 година учествуваше со 62.7%, додека во 2020 година, нејзиниот удел изнесува 1%. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за 99.7% (заради неработењето на Топилницата во Велес и изменетата методологија на пресметка на емисиите од подкатегоријата Производство на железо и челик), додека во однос на 2019 година се намалени за 13.4%. NFRкатегоријата 1.А.2 – Согорување во производни индустрии и градежништво во 2020 година учествува со 3.6%, додека во 1990 година учествуваше со помалку од 1%, при што вкупните емисии на арсен од оваа категорија во 2020 година се намалени за 6.8% споредбено со 1990 година, а за 35.6% во однос на 2019 година.

NFR категоријата 1.А.1 – Производство на енергија во вкупните емисии на As во 1990 година учествуваше со 36%, додека во 2020 година, нејзиниот удел изнесува 92.6%. Зголемувањето на учеството на оваа NFR категорија во вкупните годишни емисии на арсен не е заради зголемената емисија од оваа NFR категорија туку заради големото намалување на емисиите од NFR категоријата 2 – Индустриски процеси. Така, во 2020 година емисиите од NFR категоријата 1.А.1 – Производство на енергија во однос на 1990 година се намалени за 51.3% (помалото количество на јаглен кое се согорува во термоелектраните пред се заради значајното редуцирано работење на РЕК Осломеј особено во последните години), додека во однос на 2019 година се намалени за 23.3%, заради помалото количество согорен јаглен во термоелектраната РЕК Битола. Целиот период од 1990 до 2020 година во однос на емисиите на As од оваа NFR категорија може да се подели на два дела во однос на трендот: периодот 1990-2012 година кога трендот генерално со мали исклучоци може да се каже дека е постојан и кога двете термоелектрани, РЕК Битола и РЕК Осломеј, работат контининуирано, и периодот 2013-2020 година кога се забележува значаен пад во емисиите на арсен заради намаленото работење на РЕК Осломеј, а во последните години од само неколку месеци во годината, со што е намалена вкупната потрошувачка на јаглен, а со тоа намалена е и вкупната влезна топлотна моќ на лигнитот во термоелектраните.

Останатите NFR категории се незначителни извори на емисии на As.

Во однос на исполнување на барањата од зацртаните цели согласно националните и меѓународните документи може да се заклучи следното:

Направена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на As, во тони на година, по принципот n-2, каде n е тековната година.

Опфат на податоци: excel_1, excel_2

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR категории кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и Секретаријатот на Обеденитетите нации. Податоците се достапни на следната веб страна : https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envyixaja.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на пресметани национални емисии и емисии по NFR категории на оваа загадувачка супстанца кои се репортирани до ЕЕА (Европска агенција за животна средина) и UNECE/EMEP (Економската програма на Обединетите нации за Европа/ Кооперативната програма за мониторинг и евалуација за прекуграничен пренос на аерозагадување кон Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето).

Пресметките се во согласност со Упатствата на ЕМЕП/ЕЕА за инвентаризација на емисии во воздухот од 2009, 2013, 2016 и 2019 година. Во упатствата се дадени емисиони фактори кои се користени во пресметките со исклучок на енергетскиот сектор каде пресметките се направени со користење на национални специфични фактори или примена на податоците од извршените мерења за период 2008-2020 година за оваа загадувачка супстанца за NFR категоријата 1А1а, кој се однесува за постројки за производство на електрична и топлинска енергија.

  • Извор за користената методологија

Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатствата за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019).

Цели

Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на арсен (As) зацртани се следните цели:

  1. Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
  • воведена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на As, во тони на година, за период 1990 – (n-2), каде n е тековната година.

Треба да се напомене дека известувањето за оваа загадувачка супстанца не е задолжително туку доброволно.

Обврска за известување
  • Обврските за известување кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP), како и Европската агенција за животна средина (ЕЕА)
  • Годишен извештај од обработени податоци за емисии во воздухот
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Домаќинства, Отпад, Енергија,Транспорт, Здравство,Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 063 – 4 Временска покриеност 1990-2020
Име на индикаторот Емисии на тешки метали – арсен (As) Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот за период 1990-2018 година.
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 27.07.2022
Тип А Подготвено/ ажурирано од: Павле Малков
Александра Н.Крстеска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
p
.malkov@moepp.gov.mk
A.Krsteska@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 063-4Емисија на тешки метали – арсен (As) EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не
15.11.2022