МК НИ 050-3 Емисија на основни загадувачки супстанци – NMVOC – неметански испарливи органски соединенија

14
МК НИ 050-3
Емисија на основни загадувачки супстанци – NMVOC – неметански испарливи органски соединенија
Дефиниција

Овој индикатор ги следи трендовите на неметански испарливи органски соединенија (NMVOC).

Единици
  • kt/година (килотони на година)
Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на неметанските испарливи органски соединенија во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Во 1990 година вкупните национални емисии на NMVOCs изнесуваа 47.6 kt. Во 2020 година емисиите изнесуваат 22.34 kt и се намалени за 53% споредено со 1990 година што претставува голем напредок во намалувањето на вкупните емисии на NMVOCs.

Специфично прашање за политиката

Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на NMVOCs?

Главен извор на емисии на NMVOCs во 2020 година е NFRкатегоријата2 – Индустриски процеси со удел од 37.6%, по што следуваат NFRкатегориите 1.А.4 – Други сектори (домаќинства, комерцијален, административен), 3 – Земјоделство и 1.B- Фугитивни емисии од горива со удели во вкупните емисии на NMVOCs од 24.8%, 17.1% и 11.5%, соодветно. Останатите категории имаат помал удел во вкупните емисии на овие загадувачки супстанции во 2020 година.

Оценка

Вкупните емисии на NMVOCs во 1990 година изнесуваа 47.6 kt и истите со одредени флуктуации остануваат приближно еднакви до 2000 година. Првото поголемо намалување на вкупните емисии се забележува во 2001 година првенствено заради намалените емисии на NMVOCs од NFR категориите 1.А.3 – Транспорт и 1.А.4 – Други сектори. Потоа следи периодот 2001-2005 година каде вкупните емисии исто така со одредени осцилации (зголемувања и намалувања) имаат приближно блиски вредности и се за околу 15-20% помали од периодот 1990-2000 година. Дополнително намалување на вкупните емисии има во 2005 година, заради намалените емисии на NMVOCs од NFR категоријата 1.А.3 – Транспорт, по што следува периодот 2005-2017 каде може да се каже дека вкупните емисии на NMVOCs по апсолутна вредност се приближно исти, односно незначително се разликуваат меѓу себе. Конечно, следува периодот 2017-2020 година каде се забележува не многу изразен, но забележителен надолен тренд на вкупните емисии на NMVOCs. Во 2020 година вкупните емисии изнесуваат приближно 22.34 kt и се за 53% пониски од оние во 1990 година а за 4% намалени во однос на претходната 2019 година. На следниот графикон прикажан е трендот на вкупните емисии на NMVOC.

Графикон 1. Тренд на вкупни емисии на NMVOCs во периодот 1990-2020 годинаCSI 050 NMVOC_Emisii_2022_MK_g1

 

Уделот во вкупните национални емисии на NMVOCs по NFRкатегорииво 2020 година е прикажан на Графикон 2.

Графикон 2: Удел во вкупните национални емисии на NMVOCs по NFR категории во 2020 годинаCSI 050 NMVOC_Emisii_2022_MK_g2

 

 

Генерално, во вкупните емисии на NMVOCs, во 2020 година, главно учествуваат четири NFR категории: 2 Индустриски процеси, 1.А.4 – Други сектори (домаќинства, комерцијален, административен), 3 Земјоделство и 1.B- Фугитивни емисии од горива – со удели од 37.6%, 24.8%, 17,1% и 11.5%, соодветно. Останатите NFR категории имаат помал или незначителен удел во вкупните годишни емисии на NMVOCs за 2020 година.

На графиконот бр.3 пак прикажан е трендот, по NFR категории во периодот 1990-2020 година.

Графикон 3. Eмисии на NMVOCs по NFR категории на годишно ниво во периодот 1990-2020 годинаCSI 050 NMVOC_Emisii_2022_MK_g3

 

NFR категоријата 1.А.3 – Транспорт во вкупните емисии на NMVOCs во периодот 1990-2000 учествува со најголем удел (31% во 1990 година). Во 2020 година, уделот во вкупните годишни емисии на NMVOCs од оваа NFR изнесува само 5%, при што во 2020 година споредено со 1990 година емисиите се намалени за 93%, додека во однос на 2019 година се пониски за 31%. Може да се заклучи дека во целокупниот период 1990-2020 година се забележува значително опаѓачки тренд на емисиите на NMVOCs од оваа NFR категорија. Сепак, треба да се напомене дека заради расположливост на детални податоци за возниот парк за последните неколку години за период 2005-2020 година се применува методологија на пресметка на емисиите на ниво 3 додека за претходните години пресметките се вршени во примена на методологија на ниво 1 и затоа не може да се изведе конкретен заклучок за трендот на емисии на NMVOCs од оваа категорија во целокупниот извештаен период.

NFR категоријата 1.А.4 – Други сектори (домаќинства, комерцијален, административен) во вкупните емисии на NMVOCs во периодот 1990-2004 учествува со удел од 20 – 30% (22% во 1990 година) и по апсолутна вредност емисиите од оваа NFR категорија, кои главно доаѓаат од согорување на дрва во домаќинствата, комерцијалните и административните објекти како и употреба на мали домашни градинарски и земјоделски алатки, во овој период имаа приближно константна вредност. Од 2005 година се забележува намалување на емисиите на NMVOCs од NFR категоријата 1.А.4 – Други сектори, за околу 40%, првенствено заради намалената потрошувачка на дрва за согорување во домаќинствата и административните објекти. Во периодот 2005-2020 година емисиите на NMVOCs од оваа категорија имаат приближни вредности со одредени осцилации (намалувања и зголемувања). Во 2020 година, уделот во вкупните годишни емисии на NMVOCs од NFR категоријата 1.А.4 – Други сектори изнесува 25% , а во 2020 година споредено со 1990 година емисиите се намалени за 48%, додека во однос на 2019 година се приближно еднакви.

NFR категоријата 2 – Индустриски процеси во вкупните емисии на NMVOCs во периодот 1990-2020 учествува со значаен удел од 20 – 38% (26% во 1990 година) и по апсолутна вредност емисиите од оваа NFR категорија, кои главно доаѓаат од употреба на хемиски препарати и средства за премачкување во домаќинствата и индустријата, производство на различни хемиски и други производи како и производство на храна и пијалоци, во овој период имаа приближно константна вредност, со исклучок на периодот 1990-1992 година кога емисиите беа нешто поголеми споредено со останатиот период 1993-2020 година. Во 2020 година, уделот во вкупните годишни емисии на NMVOCs од NFR категоријата 2 – Индустриски процеси е 38%, а во 2020 година споредено со 1990 година емисиите се намалени за 32%, првенствено заради помалата употреба на средства за премачкување во домаќинствата и индустријата и прекинот на производство на одредени хемиски производи, додека во однос на 2019 година се пониски за 3%.

NFR категоријата 3 – Земјоделство во вкупните емисии на NMVOCs во периодот 1990-2020 година учествува со речиси континуиран удел и тоа: во 1990 година со 12%, додека во 2020 година со удел од 17%. Иако, уделот во последните години во вкупните емисии на NMVOCs од оваа NFR категорија расте, сепак по апсолутна вредност тие се намалени и во 2020 година во однос на 1990 година се редуцирани за 35%. Генерално, се забележува, покрај одредените мали флуктуации (зголемувања и намалување на емисиите со текот на годините), опаѓачки тренд на емисии на NMVOCs од оваа NFR категорија првенствено заради намалување на бројот на кокошки несилки, овци и коњи. Може да се наведе дека во периодот 2007-2018 година вкупните емисии на овие загадувачки супстанции од NFR категоријата 3 Земјоделство по апсолутна вредност се менуваат незначително, за да во 2019 година во однос на 2018 година вкупните емисии се намалени за 11%. Емисиите на NMVOCs во 2020 година во однос на 2019 година се приближно еднакви, односно се забележува незначитечно зголемување на емисиите од 1%.

NFRкатегоријата 1.B – Фугитивни емисии од горива учествува со удел од 12% во вкупните емисии на NMVOCs во 2020 година (6% во 1990 година), со забелешка дека од NFR категоријата 1.B – Фугитивни емисии од горива емисиите се речиси еднакви, по апсолутна вредност, со помали флуктуации, во целиот период 1990-2020 година.

Во однос пак на постигнатите цели во 2020 година, емисиите на NMVOCs се под националната граница плафони дефинирана во Гетеборшкиот протокол и Правилникот за национални граници-плафони.

На следниот графикон е дадена споредба на националните емисии на NMVOCs во период 2018-2020 година со горната граница-плафон за 2010 година.

 

Графикон 4. Споредба на националните емисии на NMVOCs во период 2018-2020 година со горната граница-плафон за 2010 годинаCSI 050 NMVOC_Emisii_2022_MK_g4

 

Според прикажаните годишни пресметани емисии Република Северна Македонија е во согласност со Гетеборшкиот протокол и директивата 2001/81/ЕC во однос на овие загадувачки супстанции во сите години во периодот 2018-2020.

Во однос на Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на емисиите на испарливите органски соединенија или на нивното прекугранично пренесување, според кој националните емисии на неметански испарливи органски соединенија треба да се редуцираат за 30% сметајќи од 1988 година како базна година земјата е во согласност со овој протокол во 2020 година, како и од почетокот на неговото усвојување во 2010 година.

Опфат на податоци: excel_1, excel_2

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR категории кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и Секретаријатот на Обединетите Нации. Податоците се достапни по земја на следната веб страна: https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envyixaja.Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на пресметани национални емисии и емисии по NFR категории на овие загадувачки супстанци кои се доставени до ЕЕА (Европска агенција за животна средина) и UNECE/EMEP (Економската програма на Обединетите Нации за Европа/ Кооперативната програма за мониторинг и евалуација за прекуграничен пренос на аерозагадување кон Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето) во февруари 2022година.

Пресметките се во согласност со Упатствата на ЕМЕП/ЕЕА за инвентаризација на емисии во воздухот од 2009, 2013, 2016 и 2019 година. Во упатствата се дадени емисиони фактори кои се користени во пресметките.

  • Извор за користената методологија

Методологијата која се користеше при пресметката и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатствата за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови: http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019.

Цели

Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на неметански испарливи органски соединенија зацртани се следните цели:

  1. Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
    • воведена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на NMVOCs (неметански испарливи органски соединенија), во килотони на година, по принципот n-2, каде n е тековната година .
  2. Директива 2001/81/ЕC, Гетеборшки протокол и Правилник за количините на горните граници-плафоните на емисиите на загадувачките супстанции со цел утврдување на проекции за одреден временски период кои се однесуваат на намалувањето на количините на емисиите на загадувачките супстанции на годишно ниво
    • национална граница – плафон за емисиите на NMVOCs од 30 килотони
  3. Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на емисиите на испарливите органски соединенија или на нивното прекугранично пренесување, според кој националните емисии на неметански испарливи органски соединенија треба да се редуцираат за 30% сметајќи од 1988 година и треба да изнесуваат најмногу 44 kt.
Обврска за известување
  • Обврските за известување кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP), како и Европската агенција за животна средина (ЕЕА)
  • Годишен извештај од обработени податоци за емисии во воздухот
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Земјоделство, Отпад, Домаќинства, Енергија, Транспорт, Здравство,Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 050 – 3 Временска покриеност 1990-2020
Име на индикаторот Емисија на основни загадувачки супстанци -неметански испарливи органски соединенија (NMVOC) Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот, 1990-2018 година
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 25.07.2022
Тип A Подготвено/ажурирано од: Павле Малков
Aлександра Н.Крстеска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
p.malkov@moepp.gov.mk
a.krsteska@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 050-3Емисија на основни загадувачки супстанции – неметански испарливи органски соединенија (NMVOC) EEA – Европска агенција за животна средина IND-366/CSI 040, AIR 005
Emissions of the main air pollutants in Europe
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа A1/3 – Emissions of pollutants into the atmospheric air
Каталог на индикатори за животна средина 32 – Emissions of the main air pollutants in Europe (EEA_CSI040/APE010)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не
14.11.2022