МК - НИ 092 Реален бруто домашен производ (БДП) по жител

3
МК - НИ 092
Реален бруто домашен производ (БДП) по жител
Дефиниција

Индикаторот е пресметан како реален БДП по глава на жител. БДП ја мери вредноста на вкупно произведените стоки и услуги произведени во дадена економија во одреден временски период. Тој претставува мерка на економската активност која се користи како “Proxy” за проценка на развојот на животниот стандард во земјата. Сепак, тој не може да се користи како мерка на благосостојба, ниту пак го зема во предвид негативното влијание на економската активност врз деградација на животната средина.

Единици
  • Процентуална промена (%) во однос на претходна година
Клучно прашање за политиката

Каков прогрес бележи Република Северна Македонија во растот на реалниот БДП?

Клучна порака

Во периодот од 2000 до 2019 година растот на реалниот БДП има променлив тренд на зголемување и намалување. После тригодишен постојан пад од 2015 до 2017 година, реалниот раст на бруто-домашниот производ во 2018 и 2019 година, бележи пораст и во 2019 изнесува 2,7% и 3,2% соодветно. Како резултат на влијанието на неповолните ефекти на пандемијата врз домашната економија во 2020 година реалниот бруто-домашен производ има пад и изнесува -6,1%.

Иако целта е зголемување на реалниот БДП по жител, потребно е истовремено да се обезбеди одржлив зелен економски раст, кој претставува императив во развојот и просперитетот на земјата и благосостојба на поединците.

График 1.Реален БДП, по жител, верижен индекс, процентуална промена во однос на претходниот периодCSI 092 StapkaNaPorastNaRealenBDP_2022

 

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Државен завод за статистика

Оценка

Индикаторот се користи за следење на напредокот во остварувањето на ЦОР бр. 8 која се однесува на обезбедување одржлив економски раст преку пристојна работа и економски раст. Оваа цел ја препознава важноста на одржливиот економски развој и потребата од високо ниво на економска продуктивност кој ќе овозможи креирање на добро платени и пристојни работни места и постигнување на глобален просперитет. Иако е важен двигател на просперитетот, економскиот развој може да ја загрози животната средина. Од тие причини обезбедувањето на одржлив зелен економски раст претставува императив во развојот и просперитетот на земјата и благосостојба на поединците. За економскиот раст да биде навистина одржлив, неопходно е да биде придружен со подобрување на еко – ефикасноста, преземање на климатски активности и флексибилни мерки, паралелно со политики на пазарот на трудот и социјални инклузивни политики, со цел да се избегне негативното влијание врз животната средина. Затоа, за да се обезбеди благосостојбата на идните генерации, сегашната генерација треба да продолжи со одржлив економски раст на начин што ги одржува природните ресурси и околината.

Во периодот од 2000 до 2021 година растот на реалниот БДП има променлив тренд на зголемување и намалување. Во разгледуваниот период, стапката на раст на БДП беше највисока во 2007 година (6,3%), а најниска во 2001 година, кога БДП забележа пад од 3,5 %. После тригодишен постојан пад од 2015 до 2017 година, реалниот раст на бруто-домашниот производ во 2018 и 2019 година, бележи пораст и изнесува 2,9% и 3,2%, соодветно, но за жал заради неповолните ефекти на пандемијата врз домашната економија во 2020 година има пад и изнесува -6,1%.

Методологија

Методологија за пресметка на индикаторот

Стапката на реален пораст на БДП по жител е пресметана од вредностите изразени по постојани цени (2010) со цел да се прикажат само волуменските движења, односно да се елиминира влијанието на инфлацијата врз стапката на пораст. Индикаторот овозможува споредба на економскиот развој во рамките на определен временски период, како и помеѓу економиите со различни големини.

Бруто-домашниот производ и неговите компоненти се пресметани врз основа на европскиот систем на национални сметки, (ЕСС 2010), како меѓународно споредлива сметководствена рамка за систематски и детален опис на една економија. БДП ја мери вредноста на вкупно произведените стоки и услуги произведени во дадена економија во одреден временски период. БДП може да се пресметува според три аспекти: производен, трошковен и доходовен метод.

Според производниот метод

БДП е еднаков на збирот на Бруто-додадената вредност и даноците на производи минус субвенциите на производите.

Бруто-додадената вредност се пресметува како разлика на бруто-вредноста на производството и меѓуфазната потрошувачка.

Бруто-вредност на производството претставува вредност на произведените стоки и извршените услуги во текот на една година.

Цели

Во Фискалната стратегија на Република Северна Македонија 2020-2022, зацртана е целта, растот на БДП да се зголеми на 4,2% во 2020 година, и во наредните две години да продолжи со посилен интензитет, односно да достигне 5%.

Општи мета-податоци
Тема Социо-економски индикатори Поврзаност со други теми/сектори Сите сектори
Код на индикаторот MK НИ092 Временска покриеност 2002-2020
Име на индикаторот Реален бруто-домашен производ (БДП) по жител Извор на податоци Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР Д Датум на последна верзија 02.09.2022
Тип А Подготвено/ажурирано од: Снежана Шиповиќ Катерина Николовска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: snezana.sipovic@stat.gov.mk K.Nikolovska@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 092 Реален бруто-домашен производ (БДП) по жител   EEA - Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE - Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG - Цели за одржлив развој 8, Eurostat sdg_08_10 Real GDP per capita
GGI - Индикатори за зелен раст не
Кружна економија не
02.09.2022