Продолжува соработката со УНЕП

News
Состанок со претставник на Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП)
Продолжува соработката со УНЕП во спроведување на политиките за заштита на животната средина
24.07.2024

На денешниот состанок на Првиот заменик претседател на Влада и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити со претставникот на Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП) од Виена, Соња Геберт, се разговараше за усвојување и спроведување на иновативните политики и иницијативи фокусирани на заштитата на природата и животната средина.

 

Продолжува соработката со УНЕП

 

Беше разгледана имплементацијата на ГЕФ/УНЕП проектот „Промовирање на одржливо управување со земјиштето преку зајакнување на правната и институционална рамка, градење капацитети и реставрација на најранливите планински предели„, а се дискутираше и за поддршката обезбедена од УНЕП во националните напори за постигнување на целите за неутралност на деградација на земјиштето.

Посебен акцент беше ставен на ефективното спроведување на Глобалната рамка за биолошка разновидност по 2020 година, како и на тековните проекти кои се во насока на подобрување на управувањето со биолошката разновидност во Република Северна Македонија.

Соговорниците изразија задоволство од досегашната успешна соработка помеѓу двете институции и поддршката од УНЕП при имплементацијата на меѓународните договори и конвенции за животната средина, а приликата ја искористија да разговараат и за можностите Програмата на Обединетите Нации за животна средина да поддржи некои идни проекти на Министерството.

Submitted by alfa4 on 24.07.2024 - 09:07