КАРДС програма за 2005 “Националната стратегија за апроксимација во животната средина”
Проектните задачи се однесуваат на изработка на Националната стратегија за апроксимација во животна средина
Компонента Вода
Изработка на национална стратегија за води, насоки и план за имплементација
Одговорен за компонентата: Љупка Димоска Зајков – Национален координатор на Работната група за вода
Работата ќе се одвива низ следните 4 (четири) фази:
- Првична – планирачка фаза( изработка на коресподентни табели);
- Подготовка на планови за имплементација на специфични директиви (ПИСД) за главните директиви за вода;
- Подготовка на секторска стратегија за приближивање (ССП) базирани не само на ПИСД, но исто така и на анализи на сите други соодветни закони во секторот;
Компонента воздух
Проектните задачи се однесуваат на изработка на Националната стратегија за апроксимација во животна средина, во случај на компонентата за воздух треба да се подготвата коресподентни табели за 4 директиви, имплемнтациони планови, од кои за две директиви и анализа на трошоци за нивна имплементација.
Одговорен за компонентата: Виларова Mаријонка – Координатор на Работната група за воздух од МЖСПП
Целта на компонентата е да се направат имплементациони планови и анализа на трошоци на директивите 96/62/ЕЦ и 2003/87/ЕЦ, имплементациони планови за директивите 2002/3/ЕЦ и 2001/81/ЕЦ, а ако има можност и средства за останатитедирективи 99/30/ЕЦ, 2000/69/ЕЦ, 99/94/ЕЦ, 99/32/ЕЦ, 98/70/ЕЦ ќе се изработат коресподентни табели и имплементациони планови.
Компонента Бучава
Изработка на национална стратегија за бучава, насоки и план за имплементација
Одговорен за компонентата: Тања Пауновска – Национален координатор на Работната група за вода
Катерина Николовска – Заменик координатор, Македонски информативен центар за животна средина
Целта на компонентата е да се:
- Изработат коресподентни табели во планирачката фаза;
- Подготват планови за имплементација на рамковната и специфичните директиви за бучава;
- Подготви секторска стратегија за приближивање и имплементација на законите;