Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во општина Кичево

Подобрување на инфраструктурата за собирање комунални отпадни води
Министерство за животна средина и просторно планирање
Main Objectives

Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во општина Кичево
NEAR/SKP/2020/EA-OP/0028-12-3723/1

Општата цел на проектот е да се подобри инфраструктурата за собирање комунални отпадни води во согласност со Директивата 91/271/ЕЕЗ и националното законодавство.
Проектот предвидува мерки за надградба на постоечкиот систем, што би придонело за следново:

  • подобрени хигиенски стандарди за населението;
  • помалку проблеми во одржувањето на канализациониот систем;
  • заштита на водотекот;
  • правилно функционирање на ПСОВ Кичево.

Специфичната цел на оваа задача е рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во општина Кичево, која ќе се спроведува според Условите на договорот по FIDIC („Црвена книга“, издание од 1999 година).

Project Outputs/Activities

Инвестицискиот проект за собирање на канализациски води во општина Кичево ќе биде во општина Кичево и ќе послужи за дополнителен капацитет од 16.000 ЕЖ,изградба на нов канализациски систем во должина од приближно 69 km, изградба на колектори во должина од приближно 27 km, изградба на пумпни станици, рехабилитација на канализациски систем во должина од 8,24 km, изградба на приближно 4,633 шахти и приклучоци за домаќинствата.

Project type
Construction contract
Project budget
16.078.464 eur
Start date
End date
Project status
Current
Beneficiary
Министерството за животна средина и просторно планирање
End Beneficiary
Општина Кичево
ЈКП „Комуналец“ – Кичево
Contractor's name
Akelik Group LLC, Азербејџан
Responsible Implementing Department within MoEPP
Department of Waters