News
Во фокусот на разговорите беше подобрување на инфраструктурата во областа Преспа, обновување на природните ресурси, раст на земјоделството и одржливиот туризам
08.07.2024
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планиарње Изет Меџити оствари средба со постојаниот претставник на УНДП Армен Григоријан со кого разговараа за бројни проекти од интерес на граѓаните.
Во фокусот на разговорите беше подобрување на инфраструктурата во областа Преспа, обновување на природните ресурси, раст на земјоделството и одржливиот туризам, а се допреа и теми како што се предизвиците на животната средина и аерозагадувањето.