Средба на министерот Меџити со амбасадорот Мејдани

News
Министерот Изет Меџити денеска го пречека амбасадорот на Република Албанија во земјава Денион Меидани.
Средба на министерот Меџити со амбасадорот Мејдани
03.07.2024
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска го пречека амбасадорот на Република Албанија во земјава Денион Меидани.

На средбата што се одржа во просториите на Министерството беше разговарано за важноста на силните врски меѓу двете држави, што се важна основа за меѓусебната соработка.

На средбата беше истакнато дека историските и културните врски меѓу Северна Македонија и Албанија се главните столбови на кои се гради вистинската соработка. Како две соседни држави,посебните односи биле и ќе останат стабилна основа за заеднички развој и напредок.

 

Средба на министерот Меџити со амбасадорот Мејдани

 

Министерот Меџити и амбасадорот Мејдани појаснија дека дополнително ќе ги продлабочат соседските и братските односи меѓу двете земји. Оваа заложба вклучува унапредување на партнерството во различни области, како што се туризмот, образованието, економијата и културата.

Целта на оваа средба беше преку соработка да се создадат нови можности за да се донесат конкретни придобивки за двете земји. Тие уверија дека нема да недостига координација на активностите за обезбедување благосостојба на граѓаните.

Submitted by alfa4 on 03.07.2024 - 10:00