Информација за достапност на Студија за оцена на влијание врз животната средина

Announcements
Проект – Депонија за складирање на отпад од цементно азбестни плочи во кругот на РЕК Битола во општина Новаци, за потребите на инвеститорот “ВАТРОСТАЛНА“ ДОО од Скопје и информација за одржување на јавна расправа
Министерство за животна средина и просторно планираање
07.06.2024

Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 90 став 1 точка 3 од Законот за животна средина(Службен весник на Република Македонија бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013,187/2013, 42/2014, 44/2015, 129/2015,192/2015, 39/2016, 99/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија бр. 89/2022 и 171/2022) ја известува заинтересираната јавност дека ДИТУ “МААН ИНЖЕНЕРИНГ“ ДООЕЛ од Скопје, со седиште на ул. “Руѓер Бошковиќ“ бр. 18, од Скопје, ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проект – Депонија за складирање на отпад од цементно азбестни плочи во кругот на РЕК Битола во општина Новаци, за потребите на инвеститорот “ВАТРОСТАЛНА“ ДОО од Скопје.

Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk , во просториите на Секторот за комуникација со јавност на Министерството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот и во просториите на Општина Новаци.

Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот – Депонија за складирање на отпад од цементно азбестни плочи во кругот на РЕК Битола во општина Новаци, за потребите на инвеститорот“ВАТРОСТАЛНА“ ДОО од Скопје ќе се одржи на 13 јуни 2024 година (четврток) во Големата сала на општина Новаци со почеток во 12:00 часот.

 

Контакт лица:

  • Управа за животна средина
    Министерство за животна средина и просторно планирање
    infoeko@moepp.gov.mk,
  • По пошта на адреса:
    плоштад Пресвета Богородица бр. 3, 1000 Скопје
  • “Maan Engenering“,
    седиште ул. “Руѓер Бошковиќ“ бр.18, Скопје
  • проф. Д-р Даме Димитровски – експерт за оцена на влијание врз животната средина
    тел: 071 714 111
    е-маил: d.dimitrovski@yahoo.com
Submitted by alfa4 on 07.06.2024 - 10:00