Оџаклиеска: Циркуларната економија го подигнува на повисоко ниво квалитетот на животот на граѓаните

News
Заменик министерката Христина Оџаклиеска учестуваше на завршната конференција на тема „Подобрена вработливост кај возрасните преку едукација за циркуларна економија
Завршна конференција на тема Подобрена вработливост кај возрасните преку едукација за циркуларна економија
12.06.2024
Завршна конференција на тема „Подобрена вработливост кај возрасните преку едукација за циркуларна економија

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска денес учестуваше на завршната конференција на тема „Подобрена вработливост кај возрасните преку едукација за циркуларна економија“, која во организација на „Здружението за заштита и унапредување на животната средина“ се одржа во просториите на „Клуб на новинари“ во Скопје.

 

1

 

Проектот има за цел да поттикне промена на навиките во врска со темите на циркуларната економија, како што е управувањето со отпадот кај целната група. Целите на проектот се создавање на можности за подобрување на вештините за жени со ризик од исклучување (45+) и/или кои не ги завршиле студиите и зголемување на нивното прифаќање на нови можности за образование на возрасни во областа на циркуларната економија и одржливоста, како и обезбедување на вештини, компетенции и алатки на едукатори за возрасни и обучувачи за ангажирање на жени изложени на ризик од исклучување (45+) и/или кои не ги завршиле студиите.

Заменик министерката Оџаклиеска вклучувајќи се во дискусијата потенцираше дека Министерството за животна средина и просторно плaнирање работи на подобрување на законската регулатива за спроведување на зелената агенда, преку која ќе се придонесе кон забрзано етаблирање и олеснување на примената на циркуларната економија во нашата држава, како и создавање на поголеми можности за сите чинители. Циркуларната економија го подигнува на повисоко ниво квалитетот на животот на граѓаните, а воедно ја заштитува, обновува и подобрува животната средина, преку директни интервенции или преку поддршка на интеграција на политиките, рече Оџаклиеска. Таа се осврна и на придобивките од циркуларната економија како во општествто така и за поединецот.

 

2

 

Главната цел на Завршната Конференција беше да ги прикажат достигнувањата и проектните резултати, но и на возрасните невработени да им даде можност да ги споделат своите директни сведоштва од учеството во проектот, а воедно беше и извонредна прилика за вмрежување на организациите и институциите што работат во областите  образование за возрасни,  животна средина, циркуларна економија, и одржливи бизнис модели.

На конференцијата покрај заменик министерката Христина Оџаклиеска се обрати и директорорт на „Еко-Логик“, Никола Нешкоски, проектниот координатор Вељан Паризов,  директорката на „Центар за образование на возрасните“ Аделина Алији, како и претставници од „Агенцијата за вработување“, „УНДП“ и  од „Центарот за стручно образование и наука“.

Галерија
Submitted by alfa4 on 12.06.2024 - 10:00