Подрегионална конференција

News
Родовата еднаквост како фактор за посилни, поотпорни заедници способни да ги издржат предизвиците на климата што се менува
Родовата еднаквост како фактор за посилни, поотпорни заедници способни да ги издржат предизвиците на климата што се менува
21.05.2024
Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во воведното обраќање на дводневната подрегионална конференција за родова еднаквост во намалувањето на ризиците од катастрофи, истакна:

„Жените не се само жртви на климатските промени, туку тие се и витални градители на издржливост и одржливост. Со зајакнување на улогата на жените, преку образование, економски можности и инклузивни политики, можеме да изградиме посилни, поотпорни заедници способни да ги издржат предизвиците на климата што се менува“

Родовата еднаквост како фактор за посилни, поотпорни заедници способни да ги издржат предизвиците на климата што се менува

 

Конференцијата е организирана во рамки на проектот „Подобрување на отпорноста од поплави во Полошкиот Регион“, финансиран од Владата на Швајцарија и со поддршка на Регионалниот хаб на УНДП во Истанбул и е одлична можност да се продлабочи разбирањето на сложените врски помеѓу намалувањето на ризиците од катастрофи и родовата еднаквост во Западен Балкан и Турција.

 

Родовата еднаквост како фактор за посилни, поотпорни заедници способни да ги издржат предизвиците на климата што се менува

 

Имено, жените и мажите различно ги доживуваат катастрофите поради општествените родови норми, улоги и одговорности. Родово-одговорните предизвици во управувањето со ризици од катастрофи имаат за цел да одговорат на специфичните потреби, ранливост и капацитети на жените, мажите, девојчињата и момчињата. Овие пристапи препознаваат дека родовата нееднаквост се вкрстува со други форми на дискриминација заснована врз фактори како што се возраста, етничката припадност, попреченоста и социоекономскиот статус. Преку интегрирање на родовите размислувања во политиките, програмите и практиките за намалување на ризиците од катастрофи (НРК), чинителите можат да осигурат поинклузивни и поефективни одговори на катастрофи.

Претставници на владини институции (за координирање на НРК и родови прашања) и координатори за еднакви можности на централно и локално ниво, експерти од невладини организации што работат во полето на родова еднаквост и НРК, приватен сектор од Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија иТурција, како и државни канцеларии на УНДП од Западен Балкан и Турција, Регионален хаб на УНДП во Истанбул, агенции на ОН, партнери на ОН, донатори и други, преку интерактивни седници и панел-дискусии, денес и утре ќе споделуваат добри практики, ќе се осврнат на предизвиците и ќе ги истражуваат можностите за родово-одговорни пристапи во НРК и иницијативите за климатска отпорност во Западен Балкан и Турција.

 

Родовата еднаквост како фактор за посилни, поотпорни заедници способни да ги издржат предизвиците на климата што се менува

 

Заеднички е ставот дека градењето на свеста, капацитетите и политичката волја помеѓу креаторите на политики, професионалците и членовите на заедницата е клучно за да се промовираат родовата еднаквост и отпорност. Преку поттикнувањето соработка, негувањето добри практики и инвестирањето во родово-сензитивно истражување и собирање податоци, чинителите може да ги зајакнат ефективноста и одржливоста на иницијативите за НРК во регионот.

Gallery
Submitted by alfa4 on 04.06.2024 - 14:16