Садула Драки

мај 2017 - Јуни 2019 год.
Поранешен министер

Садула Дураки е роден на 21 Јануари 1960 год во Куманово, Република Северна Македонија. Дипломирал во Приштина, на Технички факултет – по машинска насока, каде се стекнал со титулата инжиниер по машинство.

Своето работно искуство го почнал во 1995 година како професор на Средно Економско Училиште “Перо Наков“ во Куманово, истата година предава и во Средно Техничко Училиште “Киро Бурназ“ во Куманово. Во 2000 година е именуван за директор во Царинска Управа на Република Северна Македонија, на таа функција беше до 2002 година. Во 2002 година е именуван за заменик директор на Царинска Управа на Република Северна Македонија. Во 2004 година е именуван за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во 2006 е избран за пратеник во Собрание на Република Северна Македонија. Во 2008 е именуван за директор на Агенцијата за Развој и Инвестиции, функцијата како директор го ја вршеше до 2009, истата 2009 година е избран за градоначалник на Општина Липково, позицијата градоначалник на Општина Липково ја вршеше и по локалните избори во 2013 година. Во 2017 година е именуван за министер за животна средина и просторно планирање.

Садула Дураки е женет, татко на едно дете (девојче). Зборува албански јазик (мајчин јазик) и делумно македонски и германски јазик.