Подзаконски акти

Известување за плаќање на надомест за управување со отпад од пакување и кеси за транспорт на стоки

Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Ве известува дека е отворена наменска трезорска сметка во рамките на Единствената трезорска сметка, преку која ќе се врши уплата на паричните средства за надомест за управување со отпад од пакување и кеси за транспорт на стоки, со следните податоци:

Назив на примачот – Буџет на РМ
Банка на примачот – Народна банка на РМ
Сметка – единствена трезорска сметка 100000000063095
Приходна шифра и програма – 718148
Уплатна сметка – 840 ХХХ 07379

XXX – се внесува ознаката на општината согласно Списокот на општини со ознаки во Република Македонија, кој е составен дел на Упатството за начинот на евидентирање, распоредување и поврат на јавните приходи („Службен весник на РМ“бр. 08/06)

Во сила
Submitted by alfa4 on 29.05.2024 - 16:34