КАРДС регионална акциона програма за 2002

Зајакнување на Европската информативна мрежа за животна средина во земјите од Западен Балкан
Министерство за животна средина и просторно планирање
Main Objectives

Во Програмата се опфатени петте земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Црна Гора и Македонија) во период од 2004 до 2006 г. Наменета е за развој и подготовка на петте земји да го достигнат нивото на земјите членки на ЕЕА, со што ќе бидат подготвени да станат членки на ЕЕА.

Посебните цели на Проектот се:

  • Да се зајакнат националните мрежи на EIONET кои се на различно ниво на развој и нивната работа да се хармонизира со ЕЕА се до целосната интеграција во EIONET, со цел да се постигне слично функционирање како во мрежите на земјите членки на ЕЕА;
  • Да се воспостави процес на развивање на индикатори и да се изгради постапка за редовно известување заснована на приоритетните текови на податоци на EIONET и систем за известување преку индикатори со цел петте земји да се вклучат во основните извештаи за животна средина на ЕЕА;
  • Да се развие соработка во петте тематски области (Воздух и климатски промени, Вода, Заштита на природата и биолошка разновидност, Копнена средина и Текови на отпадоци и материјали, и нивните наследници, доколку е соодветно), преку проширување на работата на петте Европски тематски центри на ЕЕА во овие тематски области со вклучување на земјите од Западен Балкан, со цел да се воспостават Европски мрежи за мониторинг на животната средина и информативни системи (EUROWATERNET, EUROAIRNET, CDDA/Emerald, CORINE Land Cover/TERRIS, WasteBase) и да се помогне во развивањето на националните аспекти на тематските мрежи;
  • Да се поддржи функционирањето и развивањето на апликациите на Телематската мрежа на EIONET, со цел да се обезбеди алатка за комуникација за размена на податоци и информации за животната средина низ целата мрежа на ЕЕА, со цел петте земји од Западен Балкан да се вклучат во инфраструктурните алатки на ReportNet;
  • Да се обезбеди учеството на националната мрежа на EIONET во главните случувања во ЕЕА, со цел да се развие институционалната мрежа на национално ниво, следејќи го моделот  на EIONET;
  • Хармонизиран пристап во развивањето на соработката на ЕЕА со земјите од Западен Балкан,преку управување и координација на проектот што ќе се обезбеди со средства од ЕЕА
Project Outputs/Activities

Компонента 1

Воведување на медотологијата CORINAIR ( MK  EN CoR Inventory Air Pollution ) за инвентаризација на емисиите во воздухот во Република Македонија како национална медодологија. Таа произлегува од барањата на Конвенцијата за прекуграничен пренос на аерозагадувањето  ( CLRTAP )

Одговорен за компонентата: Виларова Маријонка – Македонски информативен центар за животна средина

Цел на компонентата: Целта на воведување на методологијата CORINAIR во нашата држава е да се добијат релевантни споредливи податоци за количините на емисиите на загадувачките супстанции со ЕУ земјите, како и исполнување на барањето на конвенцијата за следење и намалување на количините на емисии на загадувачките супстанции за кое редовно известуваме секоја година до 15 февруари.

Компонента 2

Воспоставување процес на развивање на индикатори за животна средина во земјите од Западен Балкан. Градење на постапка за редовно известување заснована на приоритетните текови на податоци на EIONET и систем за известување преку индикатори се со цел петте земји полесно да се вклучат во основните извештаи за животна средина на ЕЕА.

Одговорен за компонентата: Катерина Николовска – Македонски информативен центар за животна средина

Цел на компонентата: Изготвување на индикатори за животна средина, согласно Основниот сет на индикатори на Европската агенција за животна средина, за потребите на извештајот Белград 2007, кој ке биде претставен на Министерската конференција во Белград 2007 година.

За таа цел беа организирани два работни состанока на кои, претставниците од земјите дадоа извештај по однос на секој од 37те индикатори усвоени во основниот сет на индикатори. На првиот состанок, беше разгледуван секој индикатор поединечно по однос на институции, расположиви податоци и можност за пресметување на индикаторот и да се согледаат недостатоците во поедините земји, односно, за кои индикатори недостасуваат податоци.

На вториот состанок беше направена споредбена табела, во која беше дадено дали, и во која од земјите, индикаторот е достапен, делумно се  достапни податоци за негово пресметување или воопшто нема податоци.

На крај од состанокот беа идентификувани индикаторите кои се заеднички за стие земји, а по кои земјите треба да известуваат до ЕЕА и ќе бидат опубликувани како анекс на Белградскиот ивештај.

Компонента 3

Во рамките на CARDS 2002 Регионалната програма  “Зајакнување на EIONET во земјите од Западен Балкан”, Европската агенција за животна средина од Копенхаген издвојува средства за поддршка на развојот на Емералд мрежата во 5-те земји во Југоисточна Европа: Албаниа, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Србија и Црна Гора. Активностите во врска со развојот на Емералд мрежата ги координира Советот на Европа преку досега спроведените пилот-проекти, а ќе продолжи и во овој проект. Периодот на реализација на овој проект е веднаш по потпишување на Административниот аранжман (септември 2005) до декември 2006 година.

Одговорен за компонентата: Робертина Брајаноска – Управа за животна средина

Цел на компонентата: Со проектот се очекува да се даде поддршка во идентификацијата на 80 % подрачја од посебен интерес за зачувување (ASCI) во секоја земја со следните аутпути:

  • Дистрибуција по биогеографски региони на сите видови и хабитати од Резолуциите 4 и 6 од Бернската Конвенција и Анекс I и II од Директивата за хабитати;
  • Карти на дистрибуција на селектирани видови и хабитати во ГИС
  • База на податоци за 80% АСЦИ, пополнета до 60% од податоците
  • Дигитални граници за сите АСЦИ во ГИС.

 

Финансиската контрибуција (30.000 ЕУР по држава) ни беше префрлена преку Советот на Европа, на сметката за проектот за развој на Емералд мрежата во Р.Македонија, на две рати со два административни аранжмани, следејќи го прогресот на работа, и тоа:

  • првиот – кој покрива обработка и испраќање до 40 % ASCI до крајот на Февруари 2006 (10.000 ЕУР);
  • вториот – кој покрива обработка и испраќање на останатите 40 % ASCI до Декември 2006 и изготвување на финалниот извештај (20.000 ЕУР).
Project budget
2.000.000 eur
Start date
End date
Project status
Finished
Beneficiary
Министерствата за животна средина од петте земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Црна Гора и Македонија
Во процесoт на подготовка на индикаторите е вклучен и UNEP/GRID Arendal
Responsible Implementing Department within MoEPP
Сектор за животна средина