Зајакнување на капацитетите за имплементација на acquis во областа на квалитетот на водата

Твининг проект “Зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на acquis во областа на квалитетот на водата” MK 13 IPA EN 01 16
Министерство за животна средина и просторно планирање
Main Objectives

Главната цел на проектот е да се придонесе кон одржливиот развој на земјата преку јакнење на административните капацитети во областа на управувањето со водата, како и подобрување на квалитетот на водата преку поддршка на имплементацијата на законодавството кое е поврзано со управувањето со водата, вклучително и Директивната 2007/60/EC за оценка и управување со ризикот од поплави и климатските промени.

Целта на проектот е зајакнување на административните капацитети во областа на управувањето со вода преку имплементација на соодветнотозаконодавство од ЕУ. Овој проект посебно ќе им помогне на надлежните органи во земјата во подготовката на Планот за управување со речниот слив Вардар и усогласување и спроведување на подзаконски акти во областа на управувањето со водата и дозволите за вода.

Project Outputs/Activities

Компонента 1: Задолжителен резултат од оваа компонента е зголемување на ефикасноста на постоечкиот систем за издавање дозволи за користење на вода, зајакнување на административниот и технички капацитет на МЖСПП/Секторот води при процесот на обработка, мониторинг и спроведување на апликациите за изработка на дозволи во согласност со законодавството на ЕУ, како што истото во основа е транспонирано во законодавството.

Компонента 2: Главната цел на оваа компонента е воспоставување секундарно законодавство и соодветни насоки согласно Директивата за најдобри европски практики и усогласување на истото со постоечкото и новото примарно законодавство.

Компонента 3: Главни цели во оваа компонента се зајакнување на националниот систем за мониторинг на водите со цел да се усогласат системи за мониторинг на површински води (квалитет и квантитет) и системот за мониторинг на подземните води со Рамковната директива за води и соодветното законодавство на ЕУ.

Компонента 4: Главната цел на оваа компонента е финализирање на карактеризацијата на Речниот слив Вардар како и финализирањето на сите елементи на ПУРСВ согласно Прилог VII на РДВ и доставување на истиот до засегнатите страни за јавна консултација.

Компонента 5: Главна цел на оваа компонента е зајакнувањето на капацитетот на вработените во Секторот за води за изготвување и спроведување на ПРСВ, издавање на дозволи за користење вода и мониторинг на водите.

Project type
Twinning contract
Project budget
1.200.000 eur
Start date
End date
Project status
Finished
Beneficiary
Агенција за животна средина на Австрија
Министерство за животна средина на Република Литванија
Национален институт за јавно здравје и животна средина од Холандија
End Beneficiary
Министерство за животна средина и просторно планирање