Известување за измени и дополнувања на законодавството

Announcements
Законодавство од областа на животната средина
Измени и дополнувања на законодавството  од областа на животната средина
03.10.2019
Во мај 2019 година беше донесен нов Закон за прекршоците (,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19)

Со кој се определуваат општите услови за пропишување на прекршоци и прекршочни санкции, општите услови за утврдување на прекршочна одговорност за изрекување и извршување на прекршочни санкции и се пропишува прекршочната постапка што ја водат судовите и прекршочните органи. Во предметниот закон исто така е утврдено дека сите материјални закони кои содржат прекршочни одредби треба да се усогласат со новата прекршочна политика во рок од 6 месеци. Затоа Министерството за животна средина и просторно планирање пристапи кон измени во одредбите со кои се уредуваат прекршоците утврдени во сите материјални закони од своја надлежност.

Нацрт-верзиите на законските текстови, како и нацрт-верзиите на извештаите за проценка на регулативата се објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Северна Македонија (ЕНЕР), и истите можете да ги преземете следејќи го следниот линк: ener.gov.mk.

Сите ваши забелешки и коментари во однос на објавените нацрт текстови на закони и извештаи за процена на влијанието на регулативата може да ги доставите преку директно внесување на истите во платформата за коментирање на ЕНЕР, како и да ги испратите електронски на infoeko@gmail.com или писмено во архивата на Министерството за животна средина (Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3).

Submitted by alfa4 on 03.10.2019 - 10:00