Соопштение за надминување на праг на информирање

Announcements
Праг на информирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри
надминување на праг на информирање
29.10.2019
Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање,

рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на информирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 100 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерните места Миладиновци, Тетово и Куманово.

 

  Миладиновци Тетово Куманово
27.10.2019 151.35 128.96 206.86
28.10.2019 150.65 133.74 130.22

*концентрациите за PM10 се изразени во mg/m3

Препораките до граѓаните при надминување на прагот на информирање дадени од Интерсекторската работна група за квалитет на воздухот се поставени на порталот за воздух http://air.moepp.gov.mk

Submitted by alfa4 on 29.10.2019 - 10:00