Соопштение за достапност на новиот пакет нацрт- закони од областа на управувањето со посебните текови на отпад

Announcements
Закони од областа на управувањето со посебните текови на отпад
Соопштение за достапност на новиот пакет нацрт- закони од областа на управувањето со посебните текови на отпад
06.12.2019
Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира заинтересираната јавност дека Нацрт верзиите на новите закони од областа на управување со посебните текови на отпад:

Закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, Закон за управување со пакување и отпад од пакување, Закон за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Закон за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и Закон за управување со дополнителни текови на отпад во системот за проширена одговорност на производителот се достапни на веб страната на Министерството, на следниот линк, како и на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk).

Со цел обезбедување на пристап и учество на јавноста во донесување на наведените закони, Министерството за животна средина и просторно планирање, организира две јавни расправи кои ќе се одржат на 17.12.2019 год. во Стопанска Комора на РСМод 13:00 до 16:00 часот и на 18.12.2019 год. во Клуб на органите на државната управа, од 11:00 до 15:00 часот.

Submitted by alfa4 on 06.12.2019 - 10:00