Шукова: Ги поддржуваме еколошките едукативни програми во образовниот процес

News
Инвестирањето во најмладите е највредната инвестиција
Шукова: Ги поддржуваме еколошките едукативни програми во образовниот процес
16.02.2024
Министерството за животна средина и просторно планирање беше домаќин на група наставници од Финска, Туркија, Полска, Шпанија и Северна Македонија кои се дел од проектот „Немаме друг свет“

имплементиран во рамки на програмата ЕРАЗМУС +, во координација на Академијата за роботика и иновации од Скопје. Бидејќи нивниот интерес е насочен кон заштитата на животната средина, ја презентиравме улогата на Министерство во оваа област и поддршката што ја даваме во имплементацијата на прашања поврзани со животната средина во образовниот процес. Посебено внимание  предизвика презентирањето на Глобе Програмата како светска Програма која ги вклучува сите возрасни групи.  

Заштитата на животната средина е наш заеднички интерес, таа не препознава граници и препреки. Инвестирањето во едукацијата и образованието на најмладите и градењето на позитивни навики од најмали нозе е највредната инвестиција“ истакна министерката Шукова во поздравното обраќање искажувајќи подготвеност за сорабтка и поддршка, бидејќи според неа сите заедно треба да се грижиме за животната средина и да раснеме младина што ќе знаае тоа да го прави подобро од нас

Gallery
Submitted by alfa4 on 16.02.2024 - 10:00