Оџаклиеска на Глобалниот форум за метан 2024

News
Презентација на политиките за метан во Република Северна Македонија
Оџаклиеска на Глобалниот форум за метан 2024 ги презентираше политиките за метан во РСМ
18.03.2024
Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска учествува на Глобалниот форум за метан 2024 кој од 18-21 март се одржува во Женева, Швајцарија

Форумот во 2024 година претставува врвен глобален настан кој ги обединува индустриските лидери за промоција на успесите од ублажување на метанот и овозможува преземање на активности со кои ќе продолжи напредокот кон намалување на емисиите на метан.

1
2
Организација
Форум 2024
Форумот заеднички го организираат Глобалната иницијатива за метан (ГМИ) и Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE), во партнерство со Глобалниот центар за метан и Коалицијата за клима и чист воздух

Во заедничката техничка сесија за биогас што се одржа денес, заменик министерката Оџаклиеска ги презентираше политиките за метан во Република Северна Македонија, со посебен акцент на националните заложби за намалување на емисиите на метан, особено во правец на расчисување на нестандардните ѓубришта како сериозен извор на емисии на метан.

Галерија
Submitted by alfa4 on 18.03.2024 - 10:00