Announcements
ЕУ Академијата за животна средина опфаќа теми кои се однесуваат на процесот на ЕУ интеграција
29.03.2024
Ве информираме дека во наредниот период од страна на Шведската Агенција за заштита на животна средина во соработка со Европскиот Институт за јавна администрација (EIPA) повторно се организира on-line курс за ЕУ Академија за животна средина
ЕУ Академијата за животна средина опфаќа теми кои се однесуваат на процесот на ЕУ интеграција за Поглавје 27 – животна средина и климатски промени. Рокот за пријавување е 7 април 2024 година.
Повеќе информации за периодот на одржување, содржината, структурата и процесот за пријавување може да најдете на следниот линк: https://www.naturvardsverket.se/en/EUacademy