
На состанокот, eксперти од Центарот за светско наследство (WHC), од Меѓународниот совет за споменици и локалитети (ИКОМОС) и Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN), пред претставници од Министерството за култура и стручни лица од Министерството за животна средина и просторно планирање ги елаборираа наодите од неодамнешната посета на Охридскиот регион, а се дискутираше и за тековните активностите од областите на заштита на културно наследство и заштитата на животна средина што засегнатите институции и субјекти ги имаат преземено во регионот со цел остварување на препораките на УНЕСКО.
Министерката Шукова истакна дека извонредната универзална вредност на природното наследство е препознаена во поликите и мерките на МЖСПП.


Таа информираше и дека Законот за прогласување на Студенчишко блато за заштитено подрачје од категорија IV- парк за природата и Законот за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата веќе се во собраниска процедура и наскоро се очекува нивно прогласување.
“Министерството за животна средина и просторно планирањеостанува посветено на напорите за зачувување и заштита на светското прироидно наследство во Охридскиот регион и е отворено за соработка со сите засегнати страни, а се со една цел – зачувување на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион на листата на УНЕСКО“ – рече Шукова.
Од последната посета, реактивната мисија на УНЕСКО ќе изработи извештај со заклучоци и препораки по кои државата ќе треба да постапува за да не го загуби УНЕСКО статусот.