Средба со претставници од младинската организација Младински образовен форум

News
Регионален проект „Регионалната програма за студенти/млади истражувачи“
Средба со претставници од младинската организација Младински образовен форум
05.04.2024
Претставници од младинската организација Младински образовен форум беа во едукативна посета на Министерството за животна средина и просторно планирање, кое континуирано ја спроведува во пракса својата определба за транспарентно и отворено работење.

Посетата е  во врска со реализација на регионалниот проект „Регионалната програма за студенти/млади истражувачи“, што Младински образовен форум ја организира во партнерство со Центарот за наука и иновации за развој од Албанија и Младинската иницијатива за човекови права од Србија, и кој е поддржан од Фондацијата Отворено Општество.

1
2
Активности и истражувања
Национален акциски план
Од страна на МЖСПП беа споделени активностите во врска со изработката на Националниот акциски план за Зелената агенда, согласно насоките на регионалната Софиска декларација за Западниот Балкан и нејзиниот акциски план

Гостите информираа за активностите и истражувањата што ќе се реализираат во рамки на проектот, за плановите за застапувања што ги подготвуваат младите истражувачи од С.Македонија, Сребија и Албанија под менторство на искусни истражувачи. 

Взаемно беше констатирано дека соработката ќе треба да продолжи и понатаму во текот на реализацијата на проектот.

Галерија
Submitted by alfa4 on 05.04.2024 - 15:07