Одделение за нормативно правни и административно стручни работи

Одделение
Развивање и обединување на политиките во рамките на делокругот на одделението, нивна координација и спроведување, како и поддршка на работата на раководителот на секторот
Одделение за нормативно правни и административно стручни работи

Дејност и обврски на одделението

  • Врши ефикасно и законито спроведување на работите од заеднички интерес на министерството и органите во состав во делот на нормативно правните и административно стручните работи
  • Ги координира активностите кои се поврзани со подготовка на уредби, правилници и други интерни акти, раководи и ги координира стручно и административно-техничките работи во насока на имплементација на Законот за прибавување и размена на докази по службена должност и Законот за заштита на лични податоци;
  • Ги раководи, организира и координира стручно и административно-техничките работи поврзани со  материјалите за седниците на Владата на РМ, ги координира активностите кои се поврзани со издавањето и користење на мобилните телефони, ги координира и контролира работите поврзани со осигурување на движен и недвижен имот на министерството; 
  • Ги координира стручно и административно-техничките работи во насока на имплементација на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, имплементација на Закон за укажувачите, како и подготовката на овластувања на вработените согласно ЗОУП.
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30