Раководител на ОНПАСР - обврски

Листа на обврски-одговорности

  • Ги координира активностите кои се поврзани со подготовка на уредби, правилници и други интерни акти од делокругот на одделението;
  • Раководи и ги координира стручно и административно – технички работи во насока на имплементација на Законот за размена на податоци по службена должност;
  • Раководи, организира и координира стручно и административно – технички работи поврзани со лекторирањето на материјалите за седница на Влада;
  • Ги координира активностите кои се поврзани  со издавањето и користење на мобилни телефони; 
  • Ги организира и административно – технички ги координира и контролира работите поврзани со осигурување на движен и недвижен имот на Министерството;
  • Ги координира стручно и административно – техничките работи во насока на имплементација на Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничка рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државна служба;