The problem equally persists even in areas where vast resources are spent on regulating, evaluating and reducing noise sources or creating noise barriers.
For example, huge efforts are being made to reduce traffic noise at its source. In fact, today's cars are much quieter than those produced 10 years ago, but the volume of traffic has grown so much that the effect of that effort is canceled out and the level of unpleasant noise increases.The production of quieter cars may alleviate the problem for a period, but by no means eliminates it.
Noise measurement and monitoring are needed to achieve and maintain environmental noise levels in defined areas and under different conditions, with the ultimate goal of protecting the health and well-being of the population.
Бучава - Регулатива
Проблематиката во однос на штетната бучава која се емитира во животната средина во Република Македонија е регулирана со следната законска регулатива: Закон за бучава во животната средина (“Сл. Весник на РМ” 79/07, 124/2010 и 47/11) кој е потоплно во согласност со важечката регулатива на ЕУ.
Законот за бучава во животната средина е закон кој ги регулира основните принципи за управување со бучавата во животната средина. Во него директно се пренесени барањата од Директивата 2002/49/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 25 јуни 2002 во врска со проценувањето и управувањето со бучава во животната средина.
Законот за бучава во животната средина дава правен основ за:
- Изворите на бучава во животната средина
- Граничните вредности на ниво на бучава во животната средина
- Индикатори за бучава во животната средина
- Управување со бучава во животната средина
- Методи на оценување на штетни ефекти
- Донесување и спроведување на плански документи
- Мерки за заштита од бучавата во животната средина
- Мониторинг на бучавата во животната средина
- Информативен систем
- Услови и технички мерки за заштита од бучава во животната средина предизвикана од посебни извори
- Финансирање
- Надзор и надлежни органи
Врз основа на одредбите од Законот за бучава во животната средина во периодот од 2007 година до денес донесени се 11 подзаконски акти кои се однесуваат на индикатори за бучава, мониторинг и инспекциски надзор на бучавата во животната средина. Консолидиран текст од Законот за бучава во животната средина и подзаконските акти во целост можат да се превземат на следниот линк:
Врз основа на постојната законска регулатива, податоците од мерењето и следењето на нивото на бучава се доставуваат до Министерството за животна средина и просторно планирање, Македонски информативен центар за животна средина.
Собраните, обработените и верификуваните податоци и информации за состојбата со бучавата во животната средина претставуваат официјална база на податоци за состојбата со бучавата во животната средина, која служи како основа за управување и заштита од бучавата. Податоците се доставуваат до Меѓународните институции, јавноста и останати заинтересирани субјекти во Република Македонија.