Kaja Shukova

Сектор за одржлив развој и инвестиции
Раководител на сектор
Раководител на сектор за одржлив разој и инвестиции
Опис на работната позиција

Развивање, планирањеи креирање на политики во областа животна средина, одржлив развој и климатски промени, давање насоки за подготовка и спроведување наплански документи, оперативни програми и проектиКоординирање на процесот на подготовка и спроведување на инвестиции и Програма за инвестирање во животната средина 

Раководител на сектор за одржлив разој и инвестиции - обврски

  • Дава упатства за работа и потребна стручна помош, врши  непосредно контрола и надзор над извршувањето на работите во секторот, ги распоредува задачите и работите на раководителите на одделенијата во состав на секторот
  • Дава насоки и ги одобрува проектните апликации,  проектните низи и проектните досиеја со изработка на проектни задачи за проекти од областа на животната средина
  • Ги одобрува Извештаите за мониторинг на проектите од областа на животната средина
  • Ја контролира подготовката и спроведувањето на оперативните програми и плански документи од областите животна средина и одржлив развој
  • Ги контролира документите за подготовка и спроведување на инвестиции од областа на животната средина
  • Ја подготвува годишната Програма за инвестирање во животната средина, согласно Законот за животна средина
  • Ги контролира и дава согласност на документите од спроведените активности од проектите од Програмата за инвестирање во животната средина
  • Го контролира и одобрува Извештајот за спроведување на Програмата за инвестирање во животната средина 
  • Потпишува документи од делокругот на секторот, дава напаствија, мислења и слично од областа одржливиот развој, животната средина и инвестиции во животната средина, како и врши други  работи доверени од непосредниот раководител
     
Образование
1989 – 1995 Дипломиран инж.технолог (прехранбена биотехнологија) VII/1 - Технолошко-металуршки факултет Скопје
Обуки и усовршување
РИП телеком програма, Обука за управување и подготовка на проекти, проектен циклус, проектен менаџмент, 2001/2002
Обука во САД, Меѓународна програма за лидерско управување – управување со води на САД, 2011
JICA, Токио Јапонија, тренинг програма за управување со води, 2009
Низа на локални обуки од областа управување со животна средина, проектен менаџмент, администрација и слично
Информатички технологии
Има општо познавање од информатички технологии
Јазици
Англиски
Германски
Работно искуство
Од 27 Февруари 2023 - Министер за животна средина и просторно планирање
10.2020-02.2023 - Министерство за животна средина и просторно планирање - Државен секретар
06.2001-10.2020 - Министерство за животна средина и просторно планирање - Раководител на сектор за одржлив развој и инвестиции
05.2000-05.2001 - Министерство за животна средина, Сектор за одржлив развој Одделение за подготовка на проекти, Советник
12.1999-04.2000 - Министерство за животна средина, Сектор за меѓународна соработка, Советник
02.1999-11.1999 - Министерство за животна средина, Одделение за еко-менаџмент, Договор на дело
11.1998-01.1999 - Министерство за градежништво, урбанизам и животна средина, Договор на дело
1997-1998 - Пивара – Скопје, погонски инженер одговорен за производство на пиво и безалкохолни пијалоци
1996-1997 - МОТО ТРЕЈД - Скопје
1993-1994 - АИВА БЕК - Скопје
Реализирани проекти и активности
Копретседател на Подкомитет за транспорт, енергетика, регионален развој и животна средина, 2021 – тековно
Член на Комитет за европски интеграции 2022 – тековно
Претседател на Управен комитет на Програмата за заштита на природата, SECO, Swiss, 2021-тековно
Член на Генерален колегоум при Влада на РСМ по функција Државен секретар, 2020 – тековно
Член на Координативно тело при Влада на РСМ за Преспа, 2020- тековно