Индикаторот го покажува бројот на пчелни семејства без оглед дали се во кошница, сандак и слично, во целата земја и по статистички региони.
- Број на пчелни семејства.
Каков е трендот на бројот на пчелни семејства вкупно и по региони?
Вкупниот број на пчелни семејства во Република Северна Македонија во 2021 година, бележи позитивен тренд на зголемување од 59,4% во однос на 2007 година. Разгледувано по статистички региони, се забележува дека во периодот од 2007 до 2021 година, најголем вкупен број на пчелни семејства (205.467), има во Полошки регион, а најмал (58.355) во Скопскиот регион.
Гледано од аспект на влијанијата во животната средина и бројноста на пчелните семејства, може да се забележи дека пчелите се под голема закана од комбинираните ефекти на климатските промени, интензивното земјоделство, пестицидите, загубата на диверзитетот и загадувањето на животната средина. Со зголемување на загадувањето, се зголемуваат и загубите на пчелниот фонд кои го надминуваат биолошкиот процент на загуби. Преку следење на пчелните семејства, однесувањето на пчелите и квалитетот на медот директно може да се следи состојбата на животната средина.
График 1. Вкупен број на пчелни семејства, во Република Северна Македонија, по години
График 2. Вкупен број на пчелни семејства, по статистички региони, по години, без 2014 година
График 3. Вкупен број на пчелни семејства во периодот од 2007 до 2021, без 2014 година, по статистички региони
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Државен завод за статистика
Вкупниот број на пчелни семејства во Република Северна Македонија во 2021 година, бележи позитивен тренд на зголемување од 59,4% во однос на 2007 година.
Разгледувано по статистички региони, се забележува дека во периодот од 2007 до 2021 година, најголем вкупен број на пчелни семејства (205.467), има во Полошки регион, а најмал (58.355) во Скопскиот регион. Гледано по години, се забележува непостојан тренд на зголемување и намалување на бројот на пчелни семејства во сите региони.
Најголем пад во 2021 година, во однос на годината во која бројот на пчелни семејства бил најголем во тој регион, има во Скопски регион (99,8%, 2009), Вардарски регион (90,7%, 2016), Југозападен регион (91,3%, 2013), Југоисточен регион (58 %, 2007) и Источен регион (14,8%,2013).
Најголем пораст во 2021 година, во однос на годината во која бројот на пчелни семејства бил најмал во тој регион, има во Североисточен регион (22 пати, 2013), Пелагониски регион (19 пати, 2018) и Полошки регион (4,28 пати, 2013).
Пчеларството како гранка од земјоделството има големо економско значење кое се согледува преку вредноста на пчелните производи (мед, восок, полен, прополис, матичен млеч и пчелин отров), но и преку вредноста на зголемените приноси од земјоделските култури кои произлегуваат од учеството на пчелите во процесот на нивното опрашување. Всушност вредноста на зголемените приноси од земјоделските култури поради опрашувањето од пчелите е неколку пати поголема од вкупната вредност на сите пчелни производи. Пчеларството има големо значење за делови од руралната економија, особено ридско-планинските подрачја со ограничени алтернативи за земјоделски и други економски активности. За зголемување на бројот на пчелните семејства и приносите, неопходно е да се промени структурата на пчеларските стопанства со поместување на што поголем дел од производителите од ниво на хоби кон пчеларење на ниво на професионализација. Зголемувањето на производните капацитети сепак ќе биде можно доколку се врши континуирано обновување и надоместување на загубите на пчелниот фонд кои го надминуваат биолошкиот процент на загуби, особено со пчелни матици и пчелни роеви од контролиран генетски материјал кој потекнува од автохтониот подвид пчели на медоносни пчели (Apis mellifera macedonica). Овие автохтони подвидови најлесно се справуваат со предизвиците од животната средина и стрес факторите[1].
Гледано од аспект на влијанијата во животната средина и бројноста на пчелните семејства, може да се забележи дека пчелите се под голема закана од комбинираните ефекти на климатските промени, интензивното земјоделство, пестицидите, загубата на диверзитетот и загадувањето на животната средина. Со зголемување на загадувањето, се зголемуваат и загубите на пчелниот фонд кои го надминуваат биолошкиот процент на загуби. Преку следење на пчелните семејства, однесувањето на пчелите и квалитетот на медот директно може да се следи состојбата на животната средина. Преку заштита на животната средина, се грижиме за пчелите, а со тоа и за нас и нашата исхрана, што претставува кружен процес.
[1]Национална стратегија за земјоделството и руралниот развој за периодот 2014-2020 година
- Методологија за пресметка на индикаторот
Во пчелни семејства се опфатени сите пчелни семејства, без оглед дали се во кошница, сандак и слично. Податоците се обезбедуваат и обработуваат на ниво на целата територија на земјата и по статистички региони, по години.
Зголемување на бројот на пчелните семејства и приносите, што треба да резултира со поголемо производство на мед1.
[1]Национална стратегија за земјоделството и руралниот развој за периодот 2014-2020 година
EUROSTAT
МК НИ 081 Број на пчелни семејства | EEA – Европска агенција за животна средина | нема еквивалент |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | нема еквивалент | |
Каталог на индикатори за животна средина | нема еквивалент | |
SDG – Цели за одржлив развој | 2. End hunger, achieve food security and improved nutrition and promote sustainable agriculture | |
GGI – Индикатори за зелен раст | не | |
Кружна економија | не |