EXIM

Sistemit informativ njësportel për import, eksport dhe transit të mallrave
EXIM mundëson paraqitjen elektronike të kërkesave për leje importi, eksporti dhe transit nga komuniteti i biznesit, si dhe lëshimin elektronik të lejeve nga institucionet kompetente

Во согласност со Уредбата за воспоставување и начинот на користење на информациониот едношалтерски систем за увоз, извоз и транзит на стоки (Службен весник на РМ бр. 134/08,13/11,138/13, 208/15) како и Упатството за поблиските податоци за издавање дозвола за стоките што се увезуваат/извезуваат под ознака Д4 бр. 02-6866/1 од 24.11.2016 год. Министерството за животна средина и просторно планирање го донесе Упатството за дигитално аплицирање на правните субјекти за издавање дозвола за стоките кои се увезуваат-извезуваат под ознака Д4 од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање бр.02-8454/1.

Електронско поднесување на барањата за дозволи во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање се врши преку EXIM системот со избор на следниот линк www.exim.gov.mk. На истиот линк се објавуваат и потребните информации за условите и правила за регистрација на економските оператори во EXIM, каде можат да се најдат и прирачниците за негово користење.

EXIM - Регулатива

EXIM
Регулатива
Регулатива за примена на EXIM - Едношалтерски систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти

EXIM - Упатства

EXIM
Упатства
Упатства на едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки

*Во случај на технички проблем или прекин во функционирањето на системот, обработката на податоците од барањата се врши со примена на документи во хартиена форма како алтернатива.

Упатсво за начин на плаќање на други надоместоци за одредени видови на стоки кои се увезуваат и извезуваат под ознака Д4 опфатени во EXIM

- Ова  упатство  се  однесува  само  на  давачките  дефинирани  како  други  надоместоци, согласно закон.

1. Правен основ  Закон за животна средина:  член 167 став 1 и 2, член 164 став 5 и 179 став 1, 2, 4, 5 и 8 од  Законот  за  животна  средина  (“Службен  Весник  на  РМ”  бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16) и Упатство за начинот на евидентирање и распределување на јавните приходи (Службен Весник на РМ број 114/09, 153/09, 43/10, 185/11 и 186/14)

Уплатите  за  другите  надоместоци  се  извршуваат  после  подигнувањето  на  решението  за  плаќање  надоместок  исклучиво  на  соодветна  сметка  во  рамките  на трезорската  сметка  согласно член 167 став 1 и 2, член 164 став 5 и 179 став 1,2,4,5 и 8 од Законот за животна  средина (“Службен  Весник  на  РМ”  бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16) и  Упатство  за  начинот  на  евидентирање  и  распределување  на  јавните  приходи  (Службен Весник на РМ број 114/09; 153/09; 43/10; 185/11 и 186/14).

 

2. Начин на пополнување на налогот за јавни приходи образецот ПП 50 при  плаќање на другите надоместоци

По  подигнувањето  на  решението  за  плаќање  надоместок  донесено  од  Министерот  за  животна средина и просторно планирање, налогот за јавни приходи образецот ПП 50  за  уплата на надоместоците се пополнува на следниот начин:

  • Во рубриката: ‐ ПОВИКУВАЊЕ НА БРОЈ – ЗАДОЛЖУВАЊЕ: ЗАДОЛЖИТЕЛНО  се  пополнува  единствениот референтен  број  под  кој  се  регистрира барањето во едношалтерскиот систем EXIM, кој се добива автоматски од системот.
  • Во рубриката: ‐ ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: ЗАДОЛЖИТЕЛНО се пополнува ”За уплата по решение за плаќање надоместок за увоз бр. (број на решението)”.
  • Во рубриката: ‐ ИЗНОС: ЗАДОЛЖИТЕЛНО  се  пополнува  вкупниот  износ  на  уплатата  по  основ  на  издавање  решение за плаќање надоместок. Примерок на начинот на поплнување на налогот за јавни приходи образецот ПП 50 при уплата по решение за плаќање надоместок за увоз

 

3. Начин на пополнување на другите податоци во налогот за јавни приходи  образецот ПП 50:

  • НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ:  ТРЕЗОР НА РМ 
  • БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НАРОДНА БАНКА НА РМ
  • СМЕТКА: единствена трезорска сметка 100000000063095
  • УПЛАТНА СМЕТКА: 840 XXX 06595 (xxx се внесува ознаката на општината согласно списокот објавен со Упатството за начинот на евидентирање, распоредување и поврат на јавните приходи)
  • ПРИХОДНА ШИФРА: 718118

*Уплатата нема да се процесира ако странката не достави доказ за извршената уплата оргинал од налогот за јавни приходи Образецот ПП 50 во МЖСПП.

Dokumentacioni

Правилник за регистрација за увоз на електрична и електронска опрема

13.05.2024
Правилник за формата и содржината на барањето за регистрација на производителите кои пуштаат на пазар или увезуваат како крајни корисници во Република Македонија електрична и електронска опрема, формата и содржината на регистарот на прозводители кои пуштаат на пазар или увезуваат како крајни корисници во Република Македонија електрична и електронска опрема, начинот на неговото водење и одржување, како и формата и содржината на потврдата за упис во регистарот