Sektori i Mbeturinave

Sektor
Ги имплементира законските одредби за управувањето со отпадот, Стратегијата за управување со отпад, Националниот план за управување со отпад
Сектор за отпад

Секторот за отпад е одговорен за имплементација на законските одредби од Законот за управување со отпад и сродните закони од делот на управувањето со отпадот, како и подзаконските акти кои произлегуваат од нив во делот кој го опфаќа процесот на управување со отпад како и Стратегијата за управување со отпад, Националниот план за управување со отпад националниот план за спречување на создавање на отпад. Исто така, секторот е одговорен за имплементација на Законот за управување со пакување и отпад од пакување, Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпад на електрична и електронска опрема, Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Законот за проширена одговорност на производителите, како и подзаконските акти кои произлегуваат од овие закони.

Секторот учествува и во транспонирање и хармонизирање на ЕУ директивите во националното и законодавство и анализа на измените на соодветните ЕУ директиви.

Секторот е одговорен за имплементација на проекти од областа на управувањето со отпадот финасисрани од буџетски средства, меѓународни грантови или заеми. Учествува во работата на работните тела на Собранието на Република Македонија и Владата на Република Македонија, со овластеување од функционерот кој го раководи министерството и соработува со единиците на локалната самоуправа во делот на воспоставување на регионалните системи за упрвување со отпад како и други прашања.
 

Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30

СО - Одделение за развој на политики, планови и програми за управување со отпад

1
2
Одделение
Управување со отпад
Развивање на политиките за управување со отпад, следење на ЕУ директивите и хармонизација со националното законодавство координирање и спроведување на таквите политики
Документација