Изработка на акционен план

Lajme
МЖСПП: Започнува изработката на Акциониот план за управување со кафеава мечка
Започнува изработката на Акциониот план за управување со кафеава мечка
29.02.2024
Министерство за животната средина и просторно планирање денес одржа иницијална работилница за изработка на Акционен план за управување со кафеавата мечка за територијата на нашата држава. Работилницата имаше за цел да се споделат информации за процесот на

Министерство за животната средина и просторно планирање денес одржа иницијална работилница за изработка на Акционен план за управување со кафеавата мечка за територијата на нашата држава. Работилницата имаше за цел да се споделат информации за процесот на подготовка на Акционен план за кафеавата мечка во Северна Македонија, но и да се слушнат ставовите на засегнатите страни уште во раната фаза на неговата изработка.

1
2
3
4
Меѓународна поддршка
Експерти од Хрватска
Настанот беше подржан и од реномирани експерти од Хрватска кои ги споделија искуствата за управување со мечките во земјите од ЕУ, како и од национални експерти кои ги презентираа податоците за состојбата на кафеавите мечки во нашата држава.

Земено предвид дека неодамна се соочивме со предизвици поврзани со симнувањето на мечките во населени места и вознемирување на локалното население, како неодложна се јави потребата од изработка на ваков Акционен план, а се искористи можноста оваа активност да се реаизира преку имплементацијата на ИПА 2 проектот „Зајакнување на капацитетите за Натура 2000 и ЦИТЕС“ во кој една од активностите е „Изработка на акциски планови за живеалишта и видови“.

На настанот присуствуваа претставници од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за животна средина, Факултетот за ветеринарство, ЈП Национални шуми, претставници од Националните паркови и заштитените подрачја, ловечки здруженија, невладини организации и други институции и организации од државата кои работат со оваа проблематика.

Galeria
Submitted by alfa4 on 29.02.2024 - 10:00