МК НИ 071 Продуктивност на ресурси и домашна потрошувачка на материјали

111
МК НИ 071
Продуктивност на ресурси и домашна потрошувачка на материјали
Дефиниција

За споредување на материјалната ефикасност на националните економии се користат два индикатори кои ги поврзуваатДомашната потрошувачка на материјали ДПМ (DMC) и Бруто домашен производ БДП – Продуктивност на ресурсии Интензитет на материјали.

Продуктивност на ресурсите и интензитет на ресурсите се два концепта кои се користат во мерење на одржливоста и имаат за задача да ја раздвојат врската помеѓу употребата на ресурси и влијаниетоврз животната средина.

Продуктивност на ресурси – ефикасност на производството на ресурси, односно количината на добра или услуги кои се добиваат преку трошењето на единица ресурс. Претставува мерка за целосната количина на употребени материјали директно од една економија (мерено како Домашна потрошувачка на материјали ДПМво однос на бруто домашниот производ БДП). Во ЕУ продуктивноста на ресурси се изразува како количината на БДП генерирана по единица на Директна потрошувачка на материјали БДП/ДПМ во евра/кг.

Интензитет на ресурси – може да се аплицира на различни ресурси како употреба на вода, потрошувачка на енергија, материјален влез и сл. и претставува ефикасност на потрошувачката на ресурсипотребни за производство, процесирање и отстранување на единица добро или услуга.

Домашна потрошувачка на материјали(ДПМ) – го мери домашното количество на суровини екстрахирани и употребени во националната економија плус физичкиот увоз, а минусфизичкиот извоз.

Домашни екстрахирани ресурси (DEU) + Увоз – Извоз = Домашна потрошувачка на материјали (DMC)

Целта е да се максимизира продуктивноста на ресурси додека се минимизира интензитетот на ресурси.

Единици
  • евра на кг, илјади тони (t)
Клучно прашање за политиката

Каков е трендот на продуктивноста на ресурси? Каков е трендот на домашната потрошувачка на материјали?

Клучна порака

Овој индикатор е дел од Целите за одржлив развој, односно Цел број 12 која се однесува на обезбедување на одржлив развој и производни шеми заедно со Цел 8 која се однесува на пристојна работа и економски раст.

Со дадените податоци од 2014 година, па се до последните податоци од 2021 (прелиминарни) година може да се увиди раст на продуктивноста на ресурси изразена во евра по килограм и истата е зголемена за 26% споредбено со 2014. Бидејќи продуктивноста на ресурси е обратно порпорционална на домашната потрошувачка на материјали за периодот од 2014 до 2021 година се гледа помало намалување на домашната потрошувачка на материјали (ДПМ) изразена во илјади тони. За истиот период потрошуваката на ДПМ е намалена од 19.189 тони на 16.910 тони, односно намалена е за 11,8%.

 

График 1. Продуктивност на ресурси

CSI_071_Ekonomija2022_g1

 

График 2. Домашна потрошувачка на материјали по категории

CSI_071_Ekonomija2022_g2

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Државен завод за статистика

Оценка

За разгледуваниот период продуктивноста на ресурси е во раст кој изнесува од 0,462 евра по килограм во 2014 до 0,5702 евра по килограм во 2021 година. Порастот изразен во проценти е 26%. За 2021 година пресметките се сеуште прелиминарни и се исти со 2020.

Во Европската Унија (27 членки) за 2021 година просекот изнесува 2,29 евра по килограм.Бидејќи продуктивноста на ресурси е обратно порпорционална на домашната потрошувачка на материјали истата за разгледуваниот период е во пад од 19.189 тони во 2014 на 16.910 тони во 2021, односно има пад од 11,8%.Под домашната потрошувачка на материјали се подразбираат Метални руди и концентрати, сурови и преработени; Материјали за фосилна енергија, сурови и преработени; Биомаса и производи од биомаса; Неметални минерали, сурови и преработени; Други производи.

Република Северна Македонија како земја во развој има ресурси кои сеуште не се преексплоатирани, со што за да се продложи во насока на одржлив развој потребно е да се превземаат активности и мерки за заштита на животната средина и нејзините ресурси. Според Националната стратегија за одржлив развој во Република Македонија (2009-2030) целта е да се креира одржлива интеграција на повеќе сектори како туризам, шумарство, земјоделство, и индустриски сектор со поддршка од енергетскиот сектор, инфраструктурата и транспортот.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Модулот за економски сметки на  материјалните текови во целокупната економија е составен од податоци за сите цврсти, течни и гасовити материјали (не се опфатени водени текови и воздух) мерени во единици маса,  годишно. Податоците за СМТ [1  обезбедуваат прибирање емпириски податоци за бројни аналитички студии. Исто така, статистичките податоци се користат од националните економии за подготвување различни индекси што се фокусираат на сметките на материјалните текови во целокупната економија. СМТ се конзистентни на принципите на Системот на националните сметки, односно претставуваат сателитски сметки. Тие се однесуваат на на материјалните текови што произлегува од активностите на сите резидентни единици на националната економија, без оглед на нивната географска положба.

За подготовка на табелите, користени се податоци од административни извори и статистички истражувања. Главните извори се податоци обезбедени од статистички истражувања од земјоделството, шумарството, рибарството, енергијата, зафаќањето, постапувањето и снабдувањето со вода, увозот и извозот. Податоците за ископување минерали се обезбедени од истражувањето за индустриски производи (PRODCOM).

Економските сметки на материјалните текови ги следат тековите на природните суровини (домашното искористување на материјалите) и производите (увозот, извозот) со помош на детално разложување на околу 50 категории материјали. За податоците за трговија, во ова статистичко истражување се користени следните главни категории материјали:

  • биомаса и производи од биомаса
  • метални руди и концентрати и нивни производи
  • неметални минерали и нивни производи: песок и чакал, неметални минерали и нивни производи (кои исклучуваат песок и чакал)
  • материјали/носители на фосилна енергија и нивни производи (јаглен, нафта, плин итн)
  • останати производи и отпад.
Цели

Нема специфични цели.

Обврска за известување
  • OECD/EUROSTAT
Општи мета-податоци
Тема Економија на животна средина и управување со ресурси Поврзаност со други теми/сектори Вода, Земјоделство, Шумарство, Домаќинства, Енергија, Рибарство
Код на индикаторот MK НИ071 Временска покриеност 2014-2021
Име на индикаторот Продуктивност на ресурси и домашна потрошувачка на материјали   Извор на податоци Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 10.10.2021
Тип А Подготвено/ажурирано од: Сузана Стојановска
Ана Димишкова
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
s
uzana.stojanovska@stat.gov.mk
a.dimishkova@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 071 Продуктивност на ресурси и домашна потрошувачка на материјали EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина 143 Resource productivity and domestic material consumption
SDG – Цели за одржлив развој 8.Promote sustained, inclusive and sustainable economic growth, full and productive employment and decent work for all
12.Ensure sustainable consumption and production patterns
Eurostat sdg_12_20 Resource productivity and domestic material consumption
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија да