МК НИ 029 Вкупнo потребна енергија

81
МК НИ 029
Вкупнo потребна енергија
Дефиниција

Вкупната потребна енергија, претставува вкупно потребна енергија за задоволување на вкупните национални потреби за: енергетски трансформации, сите потрошувачки во енергетскиот сектор и финална енергетска и неенергетска потрошувачка.

Вкупната потребна енергија се пресметува како збир на вкупната потребна енергија од: цврсти горива, нафта, природен гас, електрична енергија и обновливи извори.

Индикаторот „ Вкупната потребна енергија” се изразува во илјади тони еквивалент на нафта (ktoe) и во проценти како однос на вкупната потребна енергија на секој енергент со вкупната потребна енергија на сите енергенти.

Единици
  • илјади тони еквивалент на нафта (ktoe)
  • проценти (%)
Клучно прашање за политиката

Какви се трендовите на уделот на енергенсите во вкупната потрошувачка на енергија?

Клучна порака

Вкупната потребна енергија во 2020 го има својот историски минимум со апсолутна вредност од 2583.03 ktoe и споредено со 2000 година е намалена за 6,58%, при што причината за овој пад е во уделот на цврстите горива во вкупната потребна енергија и по апсолутна вредност е на историски минимум од 756.82 ktoe

Најголем удел во вкупната потребна енергија во 2020 година имаат нафтените продукти и цврстите горива и нивното учество изнесува 38,7%, односно 29,3%, соодветно. Историски гледано овие два енергенси, цврстите и течните горива, во целиот разгледуван период 2000-2020 година имаат најголем удел во вкупната потребна енергија.

Треба да се напомене дека уделот на цврстите горива во вкупната потребна енергија зависи во најголем дел од термоелектраните РЕК Битола и РЕК Осломеј кои како гориво користат лигнит и во зависност од тоа колку тие произведуваат електрична енергија пропорционален е и уделот на цврстите горива во вкупната потребна енергија.

Во разгледуваниот период од 2000 до 2020 година има намалена употреба на цврстите горива од 50,8% на 29,3%. Во однос на овој индикатор во 2020 година, споредено со 2017 година (како референтна година), се забележува пад во примарната енергетска потрошувачка по горива односно вкупната потребна енергија за 5,7%.

За сметка на тоа во 2020 година се забележува пораст на уделот на останатите видови горива и енергија во вкупната потребна енергија.

За периодот од 2000 до 2020 година може да се забележи зголемување на учеството на природниот гас како енергенс од 1,9% на 10,8% во вкупната потребна енергија.

 

График 1: Вкупна потрошувачка на енергија по гориваза периодот 2000 – 2020 година

CSI_029_Energija2022_g1

 

График 2: Удел по гориво во вкупната потрошувачка на енергија за периодот 2000 – 2020 година

CSI_029_Energija2022_g2

 

Опфат на податоциexcel

Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk

Оценка

Во изминатиот период во Република Северна Македонија доминантни извори на енергија се цврстите горива, нафтата и производите од нафта.

Уделот на цврстите горива во вкупната потрошувачка на енергија за периодот од 2000 до 2020 година генерално има опаѓачки тренд и тој се движи од 50,8% во 2000 до 29,3% во 2020 година со напомена дека во 2020 година е историскиот минимум на уделот на цврстите горива во вкупната потребна енергија поради што овој индикатор во 2020 година го има својот историски минимум по апсолутна вредност од 2583.03 ktoe.

Исто така, и уделот на течните горива во вкупната потрошувачка на енергија е доста значителен и се движи од 29,5% до 40,6% и покажува променлив тренд. Намалувањето на еколошката стапка од производството на електрична енергија во термоцентрали кои користат нискокалоричен јаглен – лигнит, е меѓу најголемите предизвици при обидот да се намалат ефектите од емисиите на гасови при производствениот процес.

Уделот на обновливата енергија во вкупната потребна енергија се движи од 7,8% до 15,3%. Зголемување на уделот на обновливите извори во вкупната потребна енергија би било и можност за реструктуирање на економијата во повеќе сектори, вклучувајќи ги производствените процеси, енергетската ефикасност на домаќинствата и стопанството, како и креирањето на нови работни места.

Во однос на овој индикатор во 2020 година, споредено со 2017 година (како референтна година), примарната енергетска потрошувачка по горива односно вкупната потребна енергија е намалена за 5,7%.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Статистичка методологија за пресметка:

  • Регулативата за енергетски статистики на Европскиот парламент и советот (Регулатива бр.1099/2008).
  • „Energy Statistics Methodology Eurostat F4, 1998″

 

Цели

Намалување на зависноста од увезени енергенси и намалување на неефикасната потрошувачка на електрична енергија;

Модернизација на енергетската инфраструктура и диверзификација на снабдувањето со енергија (проширувањето на мрежата за природен гас е важен основен елемент во реализацијата на сите предвидени мерки за енергетска ефикасност);

Спроведување на регионалната соработка и исполнување на законодавството на Енергетската заедница;

Во согласност со Стратегијата за развој на енергетиката во Република Северна Македонија до 2040 година во однос на примарната енергетска потрошувачка по горива односно вкупната потребна енергија зацртани се следните цели:

  • Кај сите три сценарија од стратегијата (референтно сценарио, умерена транзиција и зелено сценарио) до 2040 се проценува раст на примарната енергетска потрошувачка по горива при што како референтна година во однос на која се врши проценката на трендот за овој индикатор, кај сите три сценарија, е земена 2017 година.
  • Во референтното сценарио севкупниот раст на примарната енергетска потрошувачка по горива се проценува на 38%.
  • Во сценариото на Умерена Транзиција севкупниот раст на примарната енергетска потрошувачка по горива се проценува на 11%.
  • Во зеленото сценарио севкупниот раст на примарната енергетска потрошувачка по горива се проценува на 3%.
  • Забелешка: Слика 3.8 од Стратегијата за развој на енергетиката во Република Северна Македонија до 2040 година.
Обврска за известување
  • Eurostat, ECE/UN и IEA/OECD.
Општи мета-податоци
Тема Енергија Поврзаност со други теми/сектори Воздух, Климатски промени, Води, Почва и користење на земјиште, Природа, Земјоделство, Шумарство, Отпад, Домаќинства, Транспорт, Здравство, Туризам, Економија на животната средина ресурси, Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 029 Временска покриеност 2000-2020
Име на индикаторот Вкупно потребна енергија Извор на податоци Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР Д Датум на последна верзија 29.08.2022 
Тип А Подготвено/ажурирано од: Стојна Манева
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: stojna.maneva@stat.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 029 Вкупно потребна енергија EEA – Европска агенција за животна средина IND-1-en/ENER 026
Primary energy consumption by fuel in Europe
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа G2/85-86 – Total primary energy supply
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 7 – Ensure access to affordable, reliable, sustainable and modern energy for all,
12 – Responsible consumption and production
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија да