Овој индикатор ги следи трендовите на никел (Ni).
- t/година (тони на година)
Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на никелот во Република Северна Македонија?
Во 1990 година вкупните национални емисии на Ni изнесуваа 3.01 t. Во 2022 година емисиите изнесуваат 2.36 t и се намалени за 22% споредено со 1990 година што претставува одреден напредок во намалувањето на вкупните емисии на никел.
Ова намалување произлегува од намалената потрошувачка на фосилни горива, пред сé мазут, во производство на електрична енергија кај термоелектраните ТЕЦ Неготино, РЕК Битола и РЕК Осломеј и неработењето на рафинеријата Окта.
Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на Ni?
Најголемо учество во вкупните емисии на Ni во 2022 година имаNFR категоријата 1.А.1 - Производство на енергија со удел од 90%. Останатите NFR категории се помали или незначителни извори на емисии на Ni во 2022 година.
Вкупните национални емисии на Ni во 1990 година изнесуваа 3.01 t. Во 2022 година вкупните емисии изнесуваат 2.36 t и во однос на 1990 година се намалени за 22%, додека во однос на 2021 година се зголемени за 133% заради цело годишната работа на термоелектраната ТЕЦ Неготино, односно вкупните годишни емисии на Ni зависат пред сé од годишната потрошувачката на мазут која е најголема кај термоелектраната ТЕЦ Неготино.
Трендот на вкупните годишни емисии на Ni во периодот 1990-2022 година може да се подели генерално на четири дела: период 1990-1994 со општо опаѓачки тренд со исклучок на растечкиот пик во 1993 година, потоа периодот 1994-2012 година со генерално растечки тренд со одредени помали или поголеми флуктуации, периодот 2012-2021 и 2022 со силно изразен растечки пик.
Трендот на емисии на никелот е прикажан на следниот графикон.
Графикон 1. Тренд на вкупни емисии на Ni во периодот 1990-2020 година
Уделот на одделните NFR категории во вкупните емисии на Ni за 2020 година е прикажан на Графикон 2.
Графикон 2: Удел во вкупните национални емисии на Ni по NFR категории во 2020 година
Може да се забележи дека во 2022 година, клучен извор на емисии на никел е NFR категоријата 1.А.1 - Производство на енергија со удел од 90.0% во вкупните годишни емисии на Ni.
Различниот удел на изворите на емисија на никел во периодот 1990-2022 година може да се забележи од следниот графикон.
Графикон 3. Eмисии на Ni по NFR категории на годишно ниво во периодот 1990-2020 година
Историски гледано најголемо учество во емисиите на никел во целиот период 1990-2022 година има NFR категоријата 1.А.1 - Производство на енергија, пред се преку согорувањето на мазут во Рафинеријата за нафта, термоелектраните за производство на електрична енергија и топланите за производство на топлина и може да се каже дека трендот на вкупни емисии на Ni генерално го следи оној од оваа NFR категорија. Од 2012 година до 2022 година се забележува голем пад во емисиите заради преполовеното работење на рафинеријата за нафта и во 2014 година престанок на нејзиното производство, потоа речиси целосното преминување на работењето на топланите од мазут на природен гас и престанокот со работа на термоелектраната ТЕЦ Неготино. Во 2022 година се забележува повторно голем растечки пик во емисиите на Ni како резултат на активирањето и цело годишното работење на термоелектраната ТЕЦ Неготино која за производство на електрична енергија користи мазут како гориво.
Помало учество, исто така историски гледано, во вкупните емисии на никел има NFR категоријата 1.А.4 - Други сектори како резултат на согорување на течни горива кај домаќинствата и административните објекти иако во 2022 година се забележува голем пад во емисиите на Ni од оваа категорија за дури 71% пред сé како резултат на замената на мазут како гориво за загревање кај административните објекти со што во 2022 година NFR категоријата 1.А.4 - Други сектори (согорување кај домаќинствата, комерцијалните и административни објекти) претставува незначителен извор на емисии на никел во воздухот.
NFR категоријата 1.А.1 - Производство на енергија во вкупните емисии на Ni во 1990 година учествуваше со 84%, додека во 2022 година, нејзиниот удел изнесува 90%. Во 2022 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за 16%, додека во однос на 2021 година се зголемени за 253%, заради поголемото количество на согорен мазут пред сé во термоелектраната ТЕЦ Неготино, како и во термоелектраните РЕК Битола и РЕК Осломеј. Целиот период 1990-2022 година во однос на емисиите на Ni од оваа NFR категорија може да се подели на три дела: периодот 1990-2012 година кога се забележуваат најголеми вредности, по апсолутна вредност, на емисиите на никел кога работи рафинеријата за нафта, топланите за производство на топлина работат на мазут и термоелектраните за производство на електрична енергија исто така користат мазут. Вториот период е периодот 2013-2021 година, кога се забележува голем пад на емисиите на никел, кога рафинеријата за нафта прекинува со своето производство (во 2014 година) и сите топлани за производство на топлина за домаќинствата во своето производство користат природен гас, а термоелектраната ТЕЦ Неготино не работи и се чува како резерва и 2022 година кога се забележува голем растечки пик во емисиите на никел како резултат на повторното активирање и цело годишното работење на ТЕЦ Неготино која како термоелектрана за производство на ел. енергија користи мазут како гориво. Термоелектраните РЕК Битола и РЕК Осломеј, како и претходно, за потребите на своето производство користат мазут и во овој период емисиите на никел доаѓаат и од нив, но во 2022 година далеку помалку отколку од ТЕЦ Неготино.
NFR категоријата 1.А.4 - Други сектори (домаќинства, комерцијални и административни капацитети) во вкупните емисии на Ni во 1990 година учествуваше со 8%, додека во 2022 година, нејзиниот удел изнесува само 2%. Во 2022 година, емисиите од оваа категорија во однос на 1990 година се намалени за 82%, а во однос на 2021 година се намалени за 71% заради намаленото користење на мазут од од овие извори, пред административните објекти.
Останатите NFR категории се помали или незначителни извори на емисии на Ni.
Во однос на исполнување на барањата од зацртаните цели согласно националните и меѓународните документи може да се заклучи следното: направена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на Ni, во тони на година, во период 1990 – (n-2), каде n е тековната година. Известувањето за оваа загадувачка супстанца не е задолжително туку е на доброволна основа.
Опфат на податоци: excel_1, excel_2
Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање
Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање
Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR категории кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и Секретаријатот на Обединетите Нации. Податоците се достапни по земја на следната веб страна: https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envzewhna. Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на пресметани национални емисии и емисии по NFR категории на оваа загадувачка супстанца кои се доставени до ЕЕА (Европска агенција за животна средина) и UNECE/EMEP (Економската програма на Обединетите нации за Европа/ Кооперативната програма за мониторинг и евалуација за прекуграничен пренос на аерозагадување кон Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето).
Пресметките се во согласност со Упатствата на ЕМЕП/ЕЕА за инвентаризација на емисии во воздухот од 2009, 2013, 2016, 2019 и 2023 година. Во упатствата се дадени емисиони фактори кои се користени во пресметките со исклучок на енергетскиот сектор каде пресметките се направени со користење на национални специфични фактори или примена на податоците од извршените мерења за период 2008-2022 година за оваа загадувачка супстанца за NFR категоријата 1.А.1.а, кој се однесува за постројки за производство на електрична и топлинска енергија.
- Извор за користената методологија
Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатствата за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009, http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013, http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019, https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2023).
Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на никел (Ni) зацртани се следните цели:
- Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
- воведена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на Ni, во тони на година, во период 1990 – (n-2), каде n е тековната година.
- Обврските за известување кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP), како и Европската агенција за животна средина (ЕЕА)
- Годишен извештај од обработени податоци за емисии во воздухот
- Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
МК НИ 063-5Емисија на тешки метали – никел (Ni) | EEA – Европска агенција за животна средина | нема еквивалент |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | нема еквивалент | |
Каталог на индикатори за животна средина | нема еквивалент | |
SDG – Цели за одржлив развој | 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution 9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added 11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted) |
|
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | не |