Понатамошна соработка меѓу двете држави за решавање на тековните прашања
25.06.2024
Министерот Изет Меџити оствари средба со амбасадорот на Република Косово во нашата држава Флоријан Ќехаја.
Амбасадорот во име на премиерот на Република Косово Албин Курти упати честитка до новата Влада и до министерот Меџити за неговото преземање на фунцијата прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање.
На средбата се разговараше за понатамошната соработка меѓу двете држави за решавање на тековните прашања, како и за прашања поврзани со заштитата на животната средина и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
Содржина 2