Одделение за лабораторија

Departementi
Вршење на физичко-хемиски и токсиколошки анализи во сите медиуми на животната средина (вода, воздух, почва, бучава)
Одделение за лабораторија

Одделението за лабораторија функционира како дел од Секторот за животна средина во рамките на Управата за животна средина со цел да врши следење на квалитетот на животната средина, како алатка за развој на политики. Освен вообичнаените и широкораспространети класични методи на анализа, Централната лабораторијата е опремена и со модерна и високософистицирана опрема за анализи, темелена на различни физико-хемиски методи.
Главни функции на лабораторијата се:

  • Следење на квалитетот на животната средина, како алатка за развој на политики
  • Поддршка на Државниот инспекторат за животна средина во неговата улога на спроведување на законите. Самомониторингот на инсталациите треба да биде контролиран од инспекторатот периодично. Мерењата спроведени од Централната лабораторија за животна средина ќе ги проверат податоците добиени од самомониторингот и ќе делуваат превентивно во точно презентирање на резултатите добиени од инсталациите.
  • Следење на инциденти, вклучително хемиска и биолошка контаминација, во животната средина како и следењето на нивна деконтаминација и ремедијација

Централна Лабораторија за животна средина е Акредитирана од Институтот за Акредитација на Република Северна Македонија со сертификат Бр. ЛТ-082 со кој сертификат се потврдува дека се исполнети барањата на МКС EN ISO/IEC 17025:2018 Општи барања на компетентност на лаборатории за тестирање и калибрација, каде опсегот на акредитација опфаќа тестирања во областа за животна средина:

  • Интерна метода за определување на биохемистата потрошувачка на кислород (БПК), Квалитет на вода Спектрофотометриско определување на БПК во вода со реагенс тест 1.00687.0001 MERCK Spectroquant. За опсег од 0,5 mg/L ÷ 3000 mg/L во отпадна вода.
  • Метода во согласност со ISO 15705:2002 за определување на хемиската потрошувачка на кислород (ХПК), Квалитет на вода Спектрофотометриско определување на ХПК во вода со реагенс тест 1.14540.0001. За опсег од 10 mg/L ÷ 150 mg/L во отпадна вода.
  • Метода во согласност со ISO 15705:2002 за определување на хемиската потрошувачка на кислород (ХПК), Квалитет на вода Спектрофотометриско определување на ХПК во вода со реагенс тест 1.14691.0001. За опсег од 300 mg/L ÷ 3500 mg/L во отпадна вода.
  • МКС EN ISO 10523:2013 Квалитет на вода -Определување на pH. Со опсег од pH 0 ÷ pH 14 во отпадна вода.
  • Метода во согласност со DIN 38405-9:2011 определување на концентравија на нитрати (NO3), Квалитет на вода Спектрометриско определување на нитрати во вода со реагенс тест 1.14563.0001. За опсег од 0,5 mg/L ÷ 25 mg/L NO3¯N во отпадна вода.
  • Метода во согласност со DIN 38405-9:2011 определување на концентрација на нитрати (NO3), Квалитет на вода Спектрометриско определување на нитрати во вода со реагенс тест 1.14764.0001. За опсег од 1,0 mg/L ÷ 50 mg/L NO3¯N во отпадна вода.
  • МКС EN ISO 1996-2:2018 Акустика- Опис, мерење и проценување на бучава од околината – Дел 2: Определување на ниво на бучава од околината. Со опсег од 20 dB ÷ 140 dB бучава во животна средина.
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30